На автопатот кај Гостивар: Платиле гориво со сомнителни 50 евра, па биле приведени
Двајца мажи биле приведени поради сомнеж за фалсификување на пари, откако на бензинска пумпа кај селото Жеровјане платиле со банкнота за која имало сомнеж дека е лажна. Се работи за С.С. (31) од Гостивар и Ч.Ј.Б. (24) од Турција кои биле уапсени вчера на автопатот Гостивар–Тетово. Двајцата околу пладне со „цитроен“ дошле пред бензиската пумпа. Ставиле гориво и на вработениот му дале …
Continue Reading
На Божиќ се роди Миха – првото бебе во 2026 година во Кочани
На Божиќ, 7 јануари, во раните утрински часови се роди Миха, првото новороденче во 2026 година во Кочани. Мајката Виолета од Оризари роди здраво машко дете, второ во семејството Димитровски од Оризари. Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов денеска го посети Гинеколошко-акушерското одделение во Општа болница – Кочани, каде што со д-р Илчо Атанасовски, којшто го изврши породувањето и со …
Continue Reading
САД го зголемуваат трикратно производството на ракети за системите „Патриот“
Соединетите Американски Држави планираат повеќе од тројно да го зголемат производството на пресретнувачки ракети за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“, како одговор на зголемената глобална побарувачка, поттикната од војната во Украина и други безбедносни предизвици. Пентагон објави дека склучил нов долгорочен договор со „Локхид Мартин, со кој годишното производство на пресретнувачи ПАЦ3=-МСЕ треба да порасне од околу 600 на приближно …
Continue Reading
Тешко повредени двајца млади лица во судир меѓу автомобил и трицикл во Скопје
Во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на булеварот „Србија“ во Скопје, тешко биле повредени две лица кои се превезувале со трицикл „томос“. Според информацијата од СВР Скопје, на 6 јануари 2026 година околу 21:50 часот било пријавено дека дошло до судир меѓу патничко возило „даихатсу“ со бугарски национални ознаки, управувано од Ј.Ч. (63) од Прилеп, со престој во Скопје, …
Continue Reading
Што значи ако детето се роди на Божиќ според народните верувања
Децата родени на Божиќ имаат посебно место во народните верувања, бидејќи самиот датум на раѓање носи силна симболика. Според христијанското учење, тие доаѓаат на свет на денот кога е роден Исус Христос, поради што се смета дека се предодредени за живот исполнет со добрина, љубов и светлина. За родителите, раѓањето дете на Божиќ се доживува како посебен благослов и знак …
Continue Reading
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:00 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е во прекин за секаков тип на возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Continue Reading
Евакуација во Кичево и поплавени подруми во Охрид по обилните дождови
Во Кичево се евидентирани поплави на повеќе стамбени објекти на улицата „Прилепска“, поради што е започната евакуација на жители. На терен интервенираат екипи на Општина Кичево, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст, ЈКП „Комуналец“ и други надлежни служби. Во Охрид, пак, пријавени се поплавени подруми, гаражи и дворови на повеќе локации. За состојбата се известени локалната самоуправа и Кризниот …
Continue Reading
(Фото) Дамијано Давид и Дов Камерон со романтична фотографија – уште една свршувачка што го следи трендот
Пејачот Дамијано Давид и актерката Дов Камерон се приклучија на листата на славни парови кои јавно ги објавија своите свршувачки. Двојката ја потврди веста преку социјалните мрежи, споделувајќи заеднички фотографии со ненаметлива и интимна атмосфера, придружени со пораката: „Ќе биде убава година“. Нивната свршувачка се вклопува во поширок тренд на сè почести јавни свршувачки меѓу славните личности, кои денес најчесто …
Continue Reading
Гендузи се сели во Фенербахче
Фудбалерот на Лацио, Матео Гендузи, кариерата ќе а протдолжи во турскиот гигант, Фенербахче. Лацио од трансферот ќе инкасира 30.000.000 евра. Гендузи потпиша договор до 2030 година. Гендузи ќе се приклучи на тимот по турскиот Суперкуп, каде што Фенербахче го игра финалето против Галатасарај. Заминувањето на Французинот ќе отвори простор за нови играчи во Лацио.
Continue Reading