(Видео) „Ми треба врска цврста како ова стакло“: Излогот на „Луј Витон“ ги издржа обидите за провала во Париз

Додека низ Франција се шират немири, вниманието на социјалните мрежи го привлече излогот на продавницата на луксузниот бренд „Луј Витон“ во Париз, кој, според објавените информации, издржал обид за провала. Протестите во Франција започнаа на 17 октомври поради зголемените трошоци за живот, цените на горивата и лошите услови во училиштата и универзитетите, а набрзо прераснаа во судири во повеќе градови. …

Continue Reading

(Видео) Околу нив чад и немири, а тие со куфери шетаат низ Париз

Две туристки со куфери станаа хит на социјалните мрежи откако беа снимени како мирно се движат низ улиците на Париз, додека околу нив се одвиваат протести и немири. На снимката се гледаат две жени, едната со розов, а другата со син куфер, како поминуваат низ улица исполнета со чад, запалени предмети и луѓе кои трчаат во различни насоки. И покрај …

Continue Reading

(Видео) Се урна руски борбен авион

Руски борбен авион Су-30 денеска се урна за време на тренажен лет во Калининградската област, потврди руското Министерство за одбрана, пренесува хрватски „Индекс“. Несреќата се случила во руската енклава на Балтичкото Море, која граничи со Полска и Литванија. Според руското Министерство за одбрана, екипажот успеал да се катапултира, по што бил евакуиран од спасувачки тим. Министерството не ја соопштило причината …

Continue Reading

Куба обвинува за американски притисоци врз државите пред гласањето за ембаргото

Кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригез, ги обвини САД дека им се закануваат со санкции на земјите што следната недела во Обединетите нации ќе поддржат резолуција со која се бара укинување на американското ембарго против Куба. „Стејт департментот врши невиден притисок за да ги принуди земјите членки на ОН да го променат начинот на гласање“, изјави Родригез. Според него, …

Continue Reading

Јавна дискусија за новиот закон за организација и работа на државната управа

Во рамките на јавната стручна дискусија за Нацрт-законот за организација и работа на органите на државната управа, организирана од Министерството за јавна администрација, доц. д-р Константин Битраков, експерт по управно право и јавна администрација од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ги презентираше предложените законски решенија, нивната правна основа и значењето за идната организација …

Continue Reading

Илјадници граѓани протестираа во Грција поради условите во образованието и високите трошоци за живот

Илјадници ученици, студенти и наставници денеска излегоа на протести низ Грција, барајќи поголеми вложувања во образованието, подобри услови во училиштата и на факултетите. Според полициските податоци, околу 10.000 лица мирно протестирале во центарот на Атина и нејзините предградија, а протести се одржале и во други грчки градови. Демонстрантите изразиле солидарност со граѓаните во Франција и други европски земји, каде што …

Continue Reading

За нив бракот е голем предизвик: три знаци кои не поднесуваат рутина

За некои луѓе бракот претставува сигурност, блискост и заедничка иднина, додека други тешко ја прифаќаат помислата дека треба да се откажат од дел од својата слобода. Иако можат искрено да сакаат, нивната потреба за независност и личен простор понекогаш го отежнува заедничкиот живот. Според астролошките толкувања, три хороскопски знаци особено тешко ги прифаќаат ограничувањата што ги носи бракот. Стрелец – …

Continue Reading

Утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. По оделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе …

Continue Reading

Дел од улицата Луј Пастер утре ќе остане без вода

Дел од улицата Луј Пастер во Скопје утре (22 октомври) ќе остане без вода поради дефект на приклучна цевка на улицата „Даме Груев“ број 4. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, повикувајќи се на известување од ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот до завршување на санацијата на дефектот. …

Continue Reading