Потпишан Протокол за правила за потекло со Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон, денеска го потпишаа Протоколот за правила за потекло, кој претставува интегрален дел од Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство. Протоколот за правила за потекло овозможува практична и правна примена на проширената …

Continue Reading

Малолетници од Радовиш подметнале пожар на автобус паркиран во училиштен двор

Синоќа во полицијата во Радовиш било пријавено дека настанал пожар на автобус паркиран во дворното место на Основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во овој град. На местото на инцидентот веднаш пристигнала екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш, која успешно го локализирала и изгаснала пожарот и нема повредени лица. По преземените истражни постапки, полициските службеници утврдиле дека пожарот бил намерно предизвикан …

Continue Reading

„Зелен хуман град“ бара ургенција од Град Скопје за постапката против Цементарница Усје

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ испрати барање до Град Скопје како подносител на кривичната пријава против Цементарница Усје АД Скопје, поднесена во 2023 година, да достави ургенција до Јавно обвинителство со цел да се добие информација за статусот и фазата на постапката. Од иницијативата бараат Обвинителството да одговори дали постапката е во тек, дали е привремено запрена и кога се …

Continue Reading

Дизелот поскапува

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за еден денар, додека цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 27.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче живеат во измислен универзум, се надеваме дека ќе се обратат кај лекари

Заврши опседнатоста на СДС со Александар Вучиќ и соседна Србија, сега си најдоа нова опсесија. Откако со недели и недели ја труеја македонската јавност со соседната земја, до степен човек да не можел да ги разликува дали биле опозиција во Србија или пак во Македонија, сега отидоа малку по на север и се фатија со Унгарија, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес …

Continue Reading

(Видео) Стојаноски: Заеднички именител за Филипче и Ахмети е криминалот, сега во опозиција се здружени

Ако се погледнат активностите на Венко Филипче и Али Ахмети и кога беа на власт а и сега, заеднички им се две работи, криминални шеми и негрижа за граѓаните, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче стана препознатлив по случајот кога изгоре модуларната болница во Тетово, несреќите како онаа во Бугарија и онаа кај Ласкарци. Несреќи во кои поради неодговорноста и …

Continue Reading

(Видео) Филипче ја критикуваше Владата дека го кочи европскиот пат и нема волја за уставни измени

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на седница на Националниот совет за евроинтеграции изрази сериозна загриженост поради, како што рече, целосниот застој на европскиот пат на државата и практикувањето на антиевропски манири од страна на актуелната власт. Филипче оцени дека во речиси половина од мандатот на Владата нема никаков напредок во исполнувањето на европските обврски, ниту пак се работи по забелешките …

Continue Reading

ЕУ целосно го забрани увозот на руски гас, две земји гласаа против

Земјите-членки на ЕУ денес формално усвоија регулатива со која се воведува правно обврзувачка, постепена забрана за увоз на руски течен природен гас и гас од гасоводи со целосна забрана од крајот на 2026 година, односно есен 2027 година. „Се ослободуваме од штетната зависност од рускиот гас и во духот на солидарност и соработка правиме голем чекор кон автономна енергетска унија“, …

Continue Reading

Левица: Членовите на изборните одбори сѐ уште без пари – ДИК и општините молчат

Политичката партија Левица најостро го осудува недозволивото доцнење со исплатата на надоместоците за лицата ангажирани во спроведувањето на двата круга од локалните избори во октомври, односно ноември 2025 година. „Иако од изборниот процес поминаа речиси три месеци, голем број ангажирани лица сè уште не ги добиле заработените средства, а процесот на исплата кој се врши преку единиците на локалната самоуправа …

Continue Reading