Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови, значајно придонесува и кај други видови рак
По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува ризик фактор за малигни заболувања, а посебно за рак на бели дробови. Според податоците на Институтот за јавно здравје водечка причина за смрт во државава во 2023 и 2024 година се малигните неоплазми на бронхиите и белите дробови. - Употребата на …
Continue Reading
По заканите кон новинарот Видиновски, Обвинителството оформи предмет
Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, оформи предмет по допрен глас за утврдување на идентитетот и испитување на кривична одговорност кај повеќе лица кои преку коментари на социјалната мрежа Фејсбук упатиле сериозни закани кон новинарот и уредник во Канал 5 Телевизија …
Continue Reading
Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради наводите од објавените документи во случајот за Џефри Епштајн кои упатуваат дека примероци од мозоци на починати лица од земјава наводно биле транспортирани за научно-истражувачки цели во САД, соопштија од таму. „Имајќи ја во вид природата на наводите, кои вклучуваат …
Continue Reading
Снимени лицата што фрлија бомба врз куќата на Здравко Чолиќ: камерите го забележаа моментот на нападот
Безбедносните камери во вилата на Здравко Чолиќ на Дедиње го снимиле моментот кога двајца непознати мажи фрлиле рачна граната врз домот на пејачот точно во 5 часот наутро вчера, дознава српски Телеграф. За среќа, нема жртви, а Телеграф неофицијално дознава дека полицијата веќе има видео снимки на кои се гледа како двајцата напаѓачи се приближуваат кон оградата и ја активираат …
Continue Reading
Бил Гејтс за Епстин: „Жалам“
Еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс, го прекина молчењето откако обвинувањата поврзани со осудениот сексуален престапник и педофил Џефри Епстин се појавија во најновата серија протечени документи. „Фокусот отсекогаш бил дека тој познава многу многу богати луѓе и дека тврди дека може да ги натера да донираат пари за глобалното здравство“, рече Гејтс во интервју за „Најн њуз“. …
Continue Reading
(Видео) Како беше создаден голиот фустан на прекрасната Германка што го шокираше светот?
Доделувањето на Греми наградите во 2026 година беше прослава на кич и гламур. Познати личности од различни области на уметноста ги покажаа своите најдобри комбинации, иако за некои црвениот тепих беше повеќе од само модна ревија. На пример, моделот Хајди Клум одлучи да го покаже својот автентичен моден израз за музичките награди и избра необичен кожен фустан. View this post …
Continue Reading
Уапсен бегалец од затвор, спроведен е во „Идризово“ за доиздржување на казнатa
Денеска во 09:15 часот на булеварот „Кочо Рацин“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода 25-годишниот А.Ј. од Гостивар, кој бил баран со потерница по судска наредба поради бегство од Затворот Идризово. А.Ј. е осуден на затворска казна од пет години и еден месец, поради сторени кривични дела по членовите 236 и 215 …
Continue Reading
(Фото) Поранешната девојка на Бонд и денес изгледа нереално: наскоро ќе го прослави својот 75-ти роденден
Актерката Џејн Сејмур во интервју за „Fox News Digital“ изјави дека конечно е среќна и дека е благодарна на луѓето што ги има во својот живот. View this post on Instagram A post shared by The Body Firm (@bodyfirm) „Пред се, сама си ја правам косата и шминката. Сама си ја бирам облеката, разумно се хранам, никогаш не сум на …
Continue Reading
НБРМ: Усвоен Кварталниот извештај, макроекономските движења во согласност со очекувањата на Народната банка
Советот на Народната банка, на седницата одржана на 3 февруари 2026 година, го усвои Кварталниот извештај, во кој се наведува дека макроекономските показатели упатуваат на стабилни остварувања во најважните сегменти на економијата и во најголем дел се во согласност со октомвриските проекции на Народната банка. Домашната инфлација очекувано забави под влијание на забавувањето на базичната инфлација, а домашната економската активност …
Continue Reading