Орбан договорил евтин гас со Трамп, Путин и Ердоган

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека без интервенција на владата, сметките на домаќинствата би пораснале за околу 30 отсто поради екстремно студеното време. Во редовното интервју за радиото „Кошут“, тој рече дека постигнал договор со Доналд Трамп, Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за понатамошно снабдување на Унгарија со евтин гас. Орбан изјави дека на изборите во април …

Continue Reading

(Видео) Обид за подигнување американско знаме во Нуак: Градоначалничката на Гренланд вели „Ова не е смешно“

Градоначалничката на главниот град на Гренланд, Аваарак Олсен, повика на одговорно однесување на медиумските работници и креаторите на содржини, откако германски комичар се обидел да подигне американско знаме во Нуак, што предизвикало огорченост кај локалното население, пренесе „Гардијан“. Баварскиот комичар Макси Шафрот (41) се обидел да постави американско знаме на јарбол во близина на културен центар во Нуак, но бил …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Ако СДСМ не ја краделе државата, минималната плата денес ќе беше и повисока

Предлог-законот на СДСМ за минимална плата од 600 евра е доказ дека доколку не ја краделе државата додека биле на власт, работниците денес ќе имале и повисока минимална плата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата наведуваат дека СДСМ денес поднеле предлог-закон со кој се предвидува минимална плата од 600 евра и дека во истиот навеле дека за таа мерка се потребни …

Continue Reading

Променливо облачно со повремен дожд: снег на планините и заладување во недела

Утре времето ќе биде променливо облачно, со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а максималните од 7 до 11 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремен слаб дожд. Минималната температура …

Continue Reading

Јавен повик за пријавување штети од поплавите во Општина Струмица

Во врска со природната непогода – поплава од пороен дожд предизвикана поради излевање на реки од нивните речни корита на 26.01.2026 година и 27.01.2027 година во населените места во Општина Струмица, Општина Струмица ги известува сите граѓани кои имаат штети, да поднесат Барање, до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи …

Continue Reading

Јаневска: Македонија доби 8,2 милиони евра од ЕУ за спроведување на ЕРАЗМУС програмата во 2026 година

За спроведување на ЕРАЗМУС + програмата на Европската комисија наменета за образование, обука, млади и спорт, Македонија годинава доби најголем буџет откако во истата учествува како програмска земја. Со речиси 8,2 милиони евра ќе се финансираат заеднички проекти на македонските образовни установи, институции и граѓански организации со партнери од земјите во ЕУ, како и кратки истражувачки и студиски посети. Можностите …

Continue Reading

Хоџа-Дрекслер: Поддршката на Германија за енергетската транзиција и Зелената агенда на Балканот е клучен столб за модерен, декарбонизиран и отпорен енергетски систем

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска на работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, изрази искрена благодарност за континуираната и силна поддршка на Германија во спроведувањето на Зелената агенда на Западен Балкан. Хоџа истакна дека, во време на сериозни глобални предизвици, особено енергетската криза и климатските промени, оваа поддршка е клучен столб за …

Continue Reading

Ѓоковиќ го детронизира Синер, ќе се бори за 11-от трофеј на Австралија Опен

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, успеа да се пласира во финалето на Австралија Опен. Освојувачот на 24 Гренд слем титули, во полуфиналето по четири часа и 12 минути, го победи бранителот на трофејот Јасник Синер со 3:2 (3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4). Ѓоковиќ, в недела, во своето 11-то финале во Мелбурн, за противник ќе го има Карлос Алкараз, …

Continue Reading

Превозниците од Србија донесоа одлука: прекината блокадата на граничните премини

Превозниците од Србија денес ќе престанат да го блокираат товарниот сообраќај на премините, изјави за Танјуг претседателот на Меѓународното транспортно деловно здружение, Неѓо Мандиќ. „Сега ги информираме нашите редари кои се на границите да ги отстранат камионите што беа на чело на конвојот, за да може сообраќајот да се движи. Значи ги прекинуваме протестите“, рече Мандиќ по состанокот. Превозниците од …

Continue Reading