Пилотите и кабинскиот персонал на „Луфтханза“ најавија целодневен штрајк

Пилотите и кабинскиот персонал на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ во четврток ќе почнат целодневен штрајк поради спор околу платите и условите за работа. Синдикатот „Vereinigung Cockpit“ бара повисоки пензии за пилотите, додека синдикатот на кабинскиот персонал „UFO“ сака да го принуди работодавачот на преговори за различни колективни договори. На патниците им е порачано да се подготват за откажувања и доцнења на …

Continue Reading

ЕУ воведува апликација за пријавување сајбер-насилство кај младите

Младите во Европската Унија наскоро ќе можат преку посебна апликација да пријавуваат сајбер-насилство, најави еврокомесарката за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен, во Стразбур. Апликацијата е дел од Акцискиот план за борба против кибернетичкото злоставување, претставен на Меѓународниот ден за побезбеден интернет. Виркунен изјави дека „сите жртви и сведоци на злоставување мора да знаат каде можат да се обратат …

Continue Reading

Страст, храброст и нови почетоци: Четири хороскопски знаци ќе доживеат голема среќа во љубовта

Доаѓа Полна Месечина во знакот Лав, која носи силна космичка енергија и интензивни љубовни случувања. Според астрологинката Лиса Стардаст, овој период буди храброст, страст и желба, а емоционалните врски стануваат подиректни и полесни. Најголеми промени на љубовен план ќе почувствуваат четири хороскопски знаци: Лав – Полна Месечина е во вашиот знак и ви носи зголемена популарност. Слушајте ја интуицијата и …

Continue Reading

Витакер: Трамп и Зеленски ќе го потпишат мировниот договор кога ќе дојде време

Американскиот амбасадор при НАТО, Метју Витакер, изјави дека мирот во Украина е поблиску од кога било досега, иако сè уште не е утврдено кога украинскиот и американскиот претседател ќе го потпишат мировниот договор за ставање крај на руската агресија. Витакер рече дека договорот ќе биде потпишан „кога ќе дојде време“ и дека верува оти завојуваните страни се блиску до постигнување …

Continue Reading

Тополова-Исајловска: Криминалот врз културното наследство остава трајни последици

Јавното обвинителство е една од клучните институции-потписнички на двата меморандуми за разбирање, чија цел е зајакнување на институционалните капацитети за справување со кривични дела против културното наследство и животната средина. Настанот го означи успешното завршување на твининг проектот помеѓу Италија и Република Северна Македонија,финансиран од Европската Унија со средства од Инструментот за претпристапна помош – ИПА. “Кривичните дела во овие …

Continue Reading

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија на ниво на Буркина Фасо и Танзанија според Транспаренси

СДСМ обвини дека корупцијата во Македонија „цвета“, повикувајќи се на Извештајот на Транспаренси за 2025 година, според кој, како што наведуваат, земјата е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија. Од партијата тврдат дека граѓаните „секој ден гледаат дека во Македонија цвета корупцијата поради криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ“. Во соопштението се наведува дека „161 тендер се доделени на една …

Continue Reading

По новите документи, министерот призна: Бев на островот на Епстин со сопругата и децата, не посведочив незаконско однесување

Американскиот министер за трговија Хауард Латник призна за време на сведочење пред Сенатот дека го посетил озлогласениот приватен остров на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин. Признанието доаѓа и покрај неговите претходни тврдења дека ги прекинал сите контакти со Епстин откако првпат се сретнале во 2005 година, објави „The Hill“. „Ручав со него додека со брод поминувавме низ таа област за …

Continue Reading

„Фала му на Бога што го запирате“: Запис од ФБИ открива дека Трамп се јавил во полицијата во Палм Бич по истрагата против Епстин

Претседателот на САД, Доналд Трамп се јавил во полицијата во Палм Бич, Флорида, кратко откако во средината на 2000-тите била покрената истрага против Џефри Епстин, за да им изрази благодарност, открива новооткриен документ. „Фала му на Бога што го запирате“, наводно рекол Трамп, додавајќи: „Сите знаеја дека го прави тоа“, објави Си-Ен-Ен. Документот претставува писмен запис од разговор на ФБИ …

Continue Reading

(Видео) СДСМ ја напушти седницата откако предлогот за минимална плата од 600 евра не се најде на дневен ред

Пратениците на СДСМ ја напуштија седницата во Собранието откако владејачкото мнозинство одби предлог-законот за минимална плата да биде ставен на дневен ред. Во меѓувреме пред Собранието се одвиваше блокадата организирана од Сојузот на синдикати за зголемување на минималната плата на 600 евра и на другите плати за 100 евра. „Не може моето право како координатор или пратеник од опозицијата да …

Continue Reading