Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на Блискиот Исток, кои имаат директно влијание врз регионалната и меѓународната стабилност. „Со оглед на очигледните обиди на Иран да таргетира, покрај Израел, и повеќе арапски држави, вклучително и Обединетите Арапски Емирати, Катар, Кувајт, Бахреин, Саудиска Арабија, Либан и Ирак, како …

Continue Reading

Црвениот крст ја заврши последната исплата од собраните средства за настраданите oд пожарот во „Пулс“

Црвениот крст на 27 февруари 2026 година ја реализираше последната исплата од собраните средства за настраданите од пожарот во Кочани, во вкупен износ од 11.200.000 денари. Средствата се распределени на 18 лица, поделени во две категории. Исплатата е извршена врз основа на доставен список на повредени лица, подготвен по втората евалуација на нивната здравствена состојба и прогнозата за понатамошно лекување, …

Continue Reading

Висок процент на буџетска реализација во 2025 година

Советот на Општина Гевгелија, на последната 7. седница, ги усвои Завршната сметка на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година и Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година, за период 01.01.2025 – 31.12.2025 година (кумулатив). Исто така, беше усвоен и звештајот за работењето на Општина Гевгелија во 2025 година. Во текот на минатата година, вкупно …

Continue Reading

По критиките од Трамп, Лондон објасни зошто не дозволил користење на базите за напади врз Иран

Даунинг стрит реагираше на изјавата на Доналд Трамп, кој рече дека е „многу разочаран“ од премиерот Кир Стармер затоа што не дозволил веднаш САД да ги користат британските воени бази за започнување офанзивни напади врз Иран. Официјалниот портпарол на премиерот изјави дека Обединетото Кралство донело внимателна одлука да не се вклучува во офанзивни акции, бидејќи сака да придонесе кон решение …

Continue Reading

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

Во периодот од 1 до 28 февруари од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 19.066 прекршоци. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 18.172, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 220 прекршоци, а за управување …

Continue Reading

Последна, 30. по ред изведба на „Ноќта кога ја убив месечината“ во Битолски театар

На 04.03.2026 во 20:00 часот, сцената на Народен театар Битола ќе ја пречека 30-тата и воедно последна изведба на „Ноќта кога ја убив месечината“, во режија на Марјан Георгиевски, кој и настапува во истата заедно со актерот Александар Копања. По тој повод, билетите се со 50 проценти попуст, по цена од 100 денари. „Ова не е само промоција. Ова е …

Continue Reading

Не сме во војна, порача Лондон по нападот врз базата на Кипар

Британската влада соопшти дека Обединетото Кралство не е во војна, и покрај нападот со дрон од иранско производство врз базата на Кралското воено воздухопловство (РАФ), Акротири, на Кипар. Според британските власти, дронот ја погодил пистата доцна во неделата. Нема повредени, а штетата е оценета како минимална. Подоцна биле пресретнати уште два дрона насочени кон островот. Министерот за Блискиот Исток Хамиш …

Continue Reading

Љутков во Брисел на средба со Нела Рајхл: Фокус на младите, дигитализацијата и развојот на креативните индустрии

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во рамките на посетата на Брисел, денеска оствари работна средба со Нела Рајхл, претседателка на Комитетот за култура и образование при Европскиот парламент. На средбата, Љутков ја истакна цврстата заложба на Министерството за култура и туризам за унапредување на културните политики, со акцент на младите, дигитализацијата и современата промоција на културното наследство, како …

Continue Reading

Советот на Општина Гевгелија ја одржа 7. редовна седница

Советот на Општина Гевгелија, на својата 7. седница, расправаше и одлучуваше по повеќе точки од областа на финансиите, образованието, урбанизмот, културата, социјалната заштита и меѓуопштинската соработка. Во рамки на финансиското работење, Советот ги усвои Извештајот за работењето на Општината за 2025 година, Кварталниот извештај за извршување на Буџетот (кумулативно за периодот 01.01.2025 – 31.12.2025 година) и Завршната сметка на Буџетот …

Continue Reading