(Видео) Избрана е Мис на светот 2026 – круната ја освои учителка од Доминиканската Република
Големото финале на 73. избор за Мис на светот се одржа во саботата, на 5 септември, во Виетнам, каде што се собраа претставнички од целиот свет во борбата за престижната меѓународна титула. За Мис на светот беше крунисана Жоехири Мола, учителка од Доминиканската Република. Мола дипломирала бизнис-менаџмент и администрација, а денес работи како учителка во Санто Доминго, каде што предава …
Continue Reading
Лавров: Мерц практично ни објавува војна
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека германските обвинувања за вмешаност на Москва во инцидентот со дрон на аеродромот во Лајпциг претставуваат „почеток на вистинска војна“, пренесува руската државна агенција ТАСС. „Сите тие изјави на Мерц за повторно претворање на Германија во водечка воена сила во Европа се спроведуваат во пракса. Тој практично ни објавува војна“, рече Лавров, …
Continue Reading
Низа пријави за семејно насилство: напади и закани во Кавадарци, Гостиварско и Скопје
Повеќе случаи на семејно и партнерско насилство биле пријавени во полицијата во изминатите два дена, меѓу кои напади и закани со остри предмети. Во Кавадарци, полицијата го привела Ј.Ф. (40), постапувајќи по пријава дека физички ја нападнал својата 33-годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка, и ѝ се заканувал со остар предмет. Тој бил задржан во полициска станица, а …
Continue Reading
Историскиот договор го спречи враќањето на Бензема во Лион
„Лекип“, објави многу интересна приказна за иднината на Карим Бензема. Бензема го напушти Хилал, но дали тоа значи и крај на неговата блескава кариера? Според познатиот француски весник, Карим Бензема бил подготвен да игра оваа сезона бесплатно за Олимпик Лион. Клубот сериозно ја разгледувал оваа можност бидејќи тоа би било совршено сценарио за Олимпик, искусен напаѓач, еден од најомилените синови …
Continue Reading
Германска ракета првпат стигна до орбитата од континентална Европа: „Почеток на нова ера“
Германскиот стартап „Исар Аероспејс“ (Isar Aerospace) денеска соопшти дека наскоро ќе го зголеми бројот на лансирања на сателити, откако неговата ракета „Спектрум“ (Spectrum) за првпат беше лансирана во орбитата од космодром во Норвешка, што претставува пресвртница во европските напори за обезбедување независен пристап до вселената. Беспилотната ракета „Спектрум“ стана првата комерцијална ракета што од континентална Европа стигнала до орбитата, што …
Continue Reading
Приведен гостиварец по пријава дека физички и полово ја нападнал вонбрачната сопруга
Полицијата приведе 55-годишен гостиварец откако 40-годишна жена го пријавила дека физички и полово ја нападнал во нејзиниот стан. Како што информира МВР, на 5 септември во 7:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.С. (55) од Гостивар. Полицијата постапила по пријава поднесена претходниот ден од 40-годишна жена од Гостивар. Таа пријавила дека во ноќните часови помеѓу …
Continue Reading
Опасност од залутани куршуми во Скопје: погоден човек, оштетени возила и куќа
Четири случаи со залутани зрна од огнено оружје биле пријавени во Скопје во текот на вчерашниот ден, при што е повреден 71-годишен маж, а оштетени се две возила и семејна куќа. Во 13:43 часот од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен Х.Р. (71) од Кондово. Според пријавеното, мажот се …
Continue Reading
(Видео) Хеликоптер што гаснеше пожар го „избања“ Ангелов додека даваше изјава на лице место
Додека директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, даваше изјава за состојбата со пожарите во земјава, над него прелета хеликоптер на МВР кој исфрлаше вода за гаснење на огнот, а дел од водата заврши и врз Ангелов. По неочекуваното „туширање“, Ангелов на шега рече дека е „колатерална штета“. (2.55 минута од видеото во прилог). Од ДЗС …
Continue Reading
ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните
Демократската унија за интеграција реагира на зголемувањето на цените на меѓуградскиот транспорт, што директно ги оптоварува граѓаните, особено студентите и вработените кои секојдневно патуваат од еден во друг град. „Од Тетово до Скопје, билетот кој досега чинеше 200 денари е зголемен на 250 денари, што претставува зголемување од 25% по патување. За студент или вработен кој секојдневно патува, ова значи …
Continue Reading