Филипче: Откупната цена на зимската зелка е понижувачка, власта нема слух за земјоделците

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, попладнево во валандовско Јосифово имаше средба со земјоделците производители на зимска зелка од овој регион, на која се разговараше за откупот на зелката и начинот како да им се помогне. На средбата, како што велат од СДСМ, земјоделците изразиле револт од моменталната откупна цена на зимската зелка која како што кажаа, не …

Continue Reading

Трамп: Му направивме услуга на светот

„Им ги уништивме воздушните сили, им ги уништивме комуникациите“, порача Трамп за време на самитот на лидерите на земјите од Латинска Америка во Мајами. „Тоа се лоши луѓе, едноставно лоши луѓе“, рече тој за иранските лидери. „Кога ќе го погледнете 7 октомври и сè што се случи по 7 октомври, кога ќе ги погледнете сите убиства што ги извршиле во …

Continue Reading

Мотоцикл удрил во 76-годишна жена во Струмица, возачот побегнал

Седумдесет и шестгодишна жена од Скопје е тешко повредена откако во неа удрил мотоцикл на улицата Младинска во Струмица, по што возачот го напуштил местото на несреќата. Како што информира МВР, на 6 март во 17:40 часот во СВР Струмица било пријавено дека мотоцикл удрил во А.Н. (76) од Скопје. Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани …

Continue Reading

Секој што ќе крене рака или ќе демне жена ќе се соочи со законот, порача Тошковски информирајќи дека двајца се притворени

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека полицијата презела мерки во неколку случаи поврзани со семејно насилство и вознемирување. Во објава на социјалните мрежи, Тошковски информира дека во текот на вчерашниот ден две лица биле лишени од слобода во врска со семејно насилство и им е определен 30-дневен притвор. Според него, денеска уште две лица ќе се соочат со …

Continue Reading

Израелскиот министер за одбрана го предупреди Либан: Ќе платите висока цена ако Хезболах продолжи со заканите

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, го предупреди Либан дека ќе плати висока цена ако Хезболах продолжи да му се заканува на Израел. Тој изјави дека Бејрут не ја исполнил обврската да ја разоружа групата поддржана од Иран, како што било предвидено со договорот за прекин на огнот од ноември 2024 година. „Се обврзавте дека ќе го почитувате договорот и …

Continue Reading

Залудни головите на Муричи – Мајорка водеше до 90-та и не победи

  Фудбалерите на Осасуна и Мајорка одиграа нерешено 2:2 во 27-то коло од шпанската Ла Лига. Луд натпревар одиграа овие тимови во Памплона, гостите водеа со 0:2 до 90-та минута со головите на Ведат Муриќи, но не успеаја да победат. Тие ја прекинаа серијата од четири последователни порази, но нема да бидат задоволни со освоениот бод. Ведат Муричи, го прекина …

Continue Reading

Орбан до Зеленски: Престанете со заканите и пуштете ги унгарските пратки нафта

Унгарскиот премиер Виктор Орбан преку социјалната мрежа „Икс“ му испрати порака на украинскиот претседател Володимир Зеленски, обвинувајќи го за закани и уцени и барајќи да се овозможи премин на унгарските пратки со нафта. „Претседателе, ја примив вашата порака. Ми се заканивте со војници и преку мене на цела Унгарија. Тоа нема да помине. Престанете со тоа. Унгарците не може да …

Continue Reading

(Видео) Арсенал на „мускули“ до 1/4 финалето на ФА купот

  Фудбалерите на Арсенал се пласираа во 1/4 финалето на ФА Купот откако го победија Менсфилд Таун на гостински терен со резултат од 2:1. Лидерот во Премиер лигата и тимот кој, за многумина, игра најдобар фудбал оваа сезона, се мачеше на не многу добро подготвениот терен на членот на третата лига. Арсенал го контролираше натпреварот речиси цело време, поведе на …

Continue Reading

Приведен маж од Врапчиште: се сомничи дека ѝ се заканувал и ја следел поранешната партнерка од Скопје

Полициски службеници од Полициското одделение Галате привеле 51-годишен маж од село Врапчиште, гостиварско, поради сомнение дека упатувал закани кон својата поранешна партнерка. Како што информира МВР, на 6 март во 14:20 часот во село Врапчиште бил приведен З.А. (51), кој се сомничи дека во текот на 2025 година на својата поранешна 31-годишна партнерка од Скопје ѝ упатувал закани преку мобилен …

Continue Reading