Иран ја отфрли понудата на САД за укинување на санкциите за нафта: „Жалимe – распродадена ни е“
Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, ја отфрли понудата на администрацијата на Доналд Трамп за издавање привремена дозвола на Иран за продажба на нафта од танкери. САД со децении повремено воведуваат санкции врз иранската нафта, а администрацијата на Трамп го блокираше извозот на сурова нафта од Иран откако во 2018 година се повлече од нуклеарниот договор. Американскиот министер за …
Continue Reading
Николоски: Штип и источниот дел на Македонија добиваат прво туристичко вештачко езеро, ќе биде завршено во 2027
Изградбата на браната на реката Отиња кај Штип влегува во завршна фаза, со што источниот дел на државата наскоро ќе добие прво рекреативно вештачко езеро. Станува збор за капитален проект кој, покрај туристичката функција, ќе има значајна улога и во наводнувањето и водоснабдувањето во регионот – истакна при денешниот увид во работите, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, …
Continue Reading
(Видео) Иран го нападна аеродромот Бен Гуриoн во Тел Авив
Иранската војска денес соопшти дека успешно извршила напади врз Израел користејќи напредни дронови Араш-2, кои биле лансирани кон аеродромот Бен Гуриoн во Тел Авив. Портпаролот на иранската армија, генерал Мохамед Акраминија, потврди дека нападот бил одговор на американско-израелската агресија против Иран. „Повеќето дронови користени во нападот беа Араш-2, кои се напредни и поразорни од дроновите Киан и Араш-1. Дроновите Араш-2 …
Continue Reading
Зеленски: Путин има корист од долга војна на Блискиот исток
Рускиот претседател Владимир Путин би имал корист од продолжување на конфликтот на Блискиот исток, оценува украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во интервју за Би-би-си, Зеленски истакна дека кризата меѓу САД, Израел и Иран ја ослабува способноста на Америка да се фокусира на Украина, што Русија го користи во своја полза. Зеленски посочи дека одлуката на администрацијата на Доналд Трамп за 30-дневно …
Continue Reading
Зеленски: Војната на САД и Израел со Иран го одвлекува вниманието од Украина
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изрази загриженост дека војната на САД и Израел со Иран го одвлекува вниманието на Вашингтон од руската агресија врз Украина. Во интервју за Би-би-си, снимено оваа недела за време на посетата на Лондон, Зеленски рече дека има „многу лошо чувство“ за развојот на настаните на Блискиот исток и нивните последици за Украина. „Имам многу лошо чувство …
Continue Reading
(Видео) Израел нареди брзо рушење на куќи и мостови во Либан
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац и премиерот Бенјамин Нетанјаху ѝ наредија на армијата да го забрза уривањето на либанските куќи во „линијата на фронтот“ со цел да се стави крај на заканите за израелските заедници. Во соопштението издадено од канцеларијата на Кац, исто така, се вели дека на армијата ѝ е наредено веднаш да ги уништи сите мостови на …
Continue Reading
Ај медија: Нема соработка со СДСМ, ниту со Зоран Башановиќ
Агенцијата „Eye Media“ ги демантира информациите дека има соработка со СДСМ и Зоран Башановиќ. „Во врска со текстовите објавени во медиумите во кои се споменува ПР агенцијата „Ај медија“ (Eye Media) како соработник на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), категорично ги демантираме сите тие тврдења. Eye Media нема никаков договор, ангажман ниту соработка со СДСМ или нивните советници. Не постои …
Continue Reading
Словенија воведе ограничување на гориво поради проблеми со снабдувањето
Од полноќ во Словенија е на сила одлука за ограничување на точењето гориво на бензинските пумпи, со цел намалување на проблемите со снабдувањето на нафтени деривати. Граѓаните можат да точат до 50 литри гориво дневно, додека правните лица и физичките лица кои се занимаваат со стопанство, вклучително и земјоделството, се ограничени на 200 литри дневно. Овие мерки ќе важат до …
Continue Reading
Иран објави мапа на цели: „Напад врз нашата енергетска мрежа ќе го потоне регионот во темнина“
Иранската државна новинска агенција Мехр објави строго предупредување за последиците од евентуален напад врз енергетската инфраструктура на земјата, истакнувајќи дека таков потег би имал последици за целиот регион. Во пораката се наведува дека, во случај на „најмал напад врз електричната инфраструктура на Исламската Република Иран, целиот регион ќе биде потонат во темнина“. За да го потенцира своето предупредување, Мехр објави …
Continue Reading