Иницијатива за привремено згрижување на бездомни кучиња на ЈП „Лајка“

Јавното претпријатие за хуман третман на бездомни кучиња „Лајка“ ја интензивира својата мисија за општествено одговорно вклучување на граѓаните со нова програма за привремено згрижување, со цел подобрување на благосостојбата на кучињата и зголемување на стапката на вдомување. „Привременото згрижување претставува краткорочна грижа за куче од прифатилиштето, во домашни услови, сè до негово трајно вдомување. Овој модел овозможува кучињата да …

Continue Reading

Орбан: Шпионирањето на членот на владата Петер Сијартo е сериозен напад врз Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека следењето на членот на владата Петер Сјартo е сериозен напад врз Унгарија и дека му наложил на министерот за правда веднаш да ги истражи информациите поврзани со шпионирањето на унгарскиот министер за надворешни работи. На Фејсбук, Орбан сподели линк од статија на порталот „Mandiner.hu“ под наслов: „Странските служби ја пресретнаа комуникацијата на министерот …

Continue Reading

Трамп постави статуа на Кристофер Колумбо во близина на Белата куќа

Статуа на италијанскиот истражувач Кристофер Колумбо е поставена во близина на Белата куќа. Кампањата против идеологијата што американскиот претседател Доналд Трамп ја нарекува „антиамериканска“ вклучуваше отстранување на експонати за ропство, реставрација на статуи на Конфедерацијата и други потези за кои застапниците на граѓанските права велат дека би можеле да го поништат децениите општествен напредок. „Статуата сега стои на северната страна …

Continue Reading

Хојлунд е убеден дека Данска ќе игра на СП

Фудбалската репрезентација на Македонија, в четврток во Копенхаген, против Данска ќе го одигра полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Данците се оптимисти, не само за дуелот со Македонија, туку и за пласманот на Мундијалот. Расмус Хојлунд, со зборовите дека „не резервирал летен одмор“, ова го потврди за „ТВ2“. „Имаме реална шанса. Со должна почит …

Continue Reading

Кина предупредува на неконтролирана ескалација на Блискиот Исток

Кина во понеделникот предупреди дека понатамошните напади на Блискиот Исток ризикуваат создавање „неконтролирана ситуација“ во регионот разурнат од војна, откако претседателот Доналд Трамп се закани дека ќе ги „уништи“ енергетските капацитети на Иран. Трамп во саботата му даде на Техеран 48 часа да ја прекине делумната блокада на Ормускиот теснец, тесниот морски премин кон Заливот низ кој минува околу една …

Continue Reading

(Видео) СДСМ: Македонскиот јазик е загрозен од владата на Мицкоски, бараме надзорна расправа за Законот за македонски јазик

Како што ВМРО лажеше дека ќе го врати името така водеше и лажна кампања дека е загрозен македонскиот јазик. Денеска, македонскиот јазик е признаен од целиот свет и од Европската унија. Но македонскиот јазик денеска е загрозен од владата на Мицкоски, обвини Бисера Костадиновска – Стојчевска, пратеничка од СДСМ. „Не се применува Законот за употреба на македонскиот јазик, Закон кој …

Continue Reading

„Вашингтон пост“: Моџтаба Хамнеи е ранет, изолиран и не одговара на пораките

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е „ранет, изолиран и не реагира на пораките што му се пренесуваат“, изјавија американски и израелски безбедносни претставници за „Вашингтон пост“. Според израелски претставници, Корпусот на Исламската револуционерна гарда и некои свештеници ја зајакнале својата контрола врз Иран. Порталот „Аксиос“ објави во саботата дека американската Централна разузнавачка агенција, израелскиот Мосад и други разузнавачки …

Continue Reading

Изминатите три дена 1699 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 60 лица за безобѕирно возење

Во текот на изминатиот продолжен викенд како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1699 издадени платни налози, од кои 476 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР. „Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле …

Continue Reading

Криза во американската армија: „Не сакаме да умреме за Израел“

Американските војници предупредуваат дека копнена операција во Иран би била „апсолутна катастрофа“, додека моралната криза и незадоволството во армијата достигнуваат историски нивоа. Можноста за американска копнена операција во Иран се зголемува, но припадниците на војската стационирани во регионот предупредуваат дека таков потег би бил „апсолутна катастрофа“. Како што војната меѓу САД, Израел и Иран влегува во својата четврта недела, а …

Continue Reading