СДСМ: Се потврди дека мерката на Мицкоски нема ефект, дизелот поскапе и достигна 95,5 денари

Опозициската партија СДСМ вели дека се потврдило она што претседателот на СДСМ, Венко Филипче го предвидел и за што предупредувал цело време, односно дека еден ден по прес – конференцијата на Христијан Мицкоски има ново покачување на цената на дизелот од 3,5 денари. „Поскапувањето не се спречи, дизелот поскапе и од ноќеска цената на дизелот ќе биде 95,5 денари за …

Continue Reading

Муцунски на средба со Кос: Владата останува целосно ангажирана во исполнување на реформите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во рамки на работната посета на Брисел оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос. „На средбата стана збор за текот на пристапниот процес, реформската агенда на државата, како и за имплементацијата на Планот за раст. Поздравувајќи ја конструктивната и отворена соработка со Европската комисија и нејзините служби, министерот Муцунски …

Continue Reading

Трамп: Ормутскиот тенсец ќе биде отворен многу наскоро

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Ормутскиот теснец наскоро би можел повторно да се отвори и предложи можност за заедничка контрола со иранското раководство. Зборувајќи пред претседателскиот авион да полета од Флорида за Мемфис, Трамп одговараше на прашања од новинарите за иднината на клучниот бродски пат. „Ќе биде отворен многу наскоро, ако ова функционира“, рече Трамп кога беше прашан …

Continue Reading

Божиновска: Стабилизирани цените на горивата, Владата спречи ценовен шок

Стабилизирани цените на горивата – Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, по одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за цените на нафтените деривати која ќе важи од полноќ до следниот вторник. „Со ова, се потврдува дека навремената и прецизна интервенција на државата го прекина трендот на раст …

Continue Reading

Цените на бензините остануваат исти, дизелот поскапува за 3,5 денари

Цените на бензините остануваат исти, дизелот поскапува за 3,5 денари, сопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 24.3.2026 година од 00:01 часот максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар) Дизел …

Continue Reading

Се интензивираат активностите за реформи во изборното законодавство, соопшти Министерството за правда

На втората седница на Работната група за реформи во изборното законодавство беа усвоени записникот од конститутивната седница и Деловникот за работа, со што се постави основата за понатамошната работа. Воедно, започна детална анализа на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, кои ќе претставуваат клучен темел за идните измени на Изборниот законик. „Во текот на 2025 година, Министерството за правда подготви работна верзија на …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска. Утре, 24 март, вторник, во Загреб претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ. Предвидено е претседателите да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и хрватската делегација. Сиљановска-Давкова ќе оствари средба и …

Continue Reading

Мицкоски за обвинувањата на Филипче: Опозицијата манипулира и клевети, граѓаните ја знаат вистината

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките од страна на опозицијата дека власта не прави доволно за граѓаните, изјави: „Па да, ја гледав прес-конференцијата на претседателот на СДСМ вчера. Таму тој се повика на мерките коишто биле преземени за време на КОВИД кризата и пандемијата. И правеше разлика и …

Continue Reading

Иран го демантира Трамп: Немаме комуникација со САД

Ирнаските новински агенции денес објавија, повикувајќи се на извори, дека нема директна или индиректна комуникација меѓу Иран и САД и дека Ормутскиот теснец нема да се врати во својата предвоена состојба, негирајќи ја најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД и Иран воделе „продуктивни“ разговори. „Фарс“, повикувајќи се на извор во иранското раководство, објави дека немало директна или индиректна …

Continue Reading