Уапсени пет лица, од кои четири малолетници, за лажните дојави за бомби во тетовските училишта

Полицијата уапси пет лица, од кои четири се малолетници, за лажните дојави за бомби во тетовските училишта, информира Министерството за внатрешни работи. „По преземени оперативни мерки и активности полициски службеници од СВР Тетово денеска (26.03.2026) лишија од слобода тројца малолетници инволвирани во случаите со лажните дојави за поставени бомби во дел од основните и средните училишта во Тетово. Во претходниот …

Continue Reading

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица не се гради и расте цената на стaновите

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на становите и младите бегаат од државата, одговори вицепремиерот Александар Николоски на пратеникот од Левица, Амар Мецановиќ, на седницата посветена на пратенички прашања. Според Николоски, додека државата води политика на олеснување на инвестициите, партијата …

Continue Reading

Променливо облачно време со врнежи од дожд и снег до вторник

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи, информира УХМР. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна …

Continue Reading

Трамп повторно го критикува НАТО, Руте му одговори

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека многу европски земји се подготвени да дејствуваат заедно за да обезбедат слобода на пловидба низ Ормутскиот теснец, еден од клучните енергетски центри во светот. Руте нагласи дека европските земји се подготвени да се соберат и да разговараат какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за …

Continue Reading

Русија: Задоволни сме од изјавата на Зеленски, тој кажа важна работа

Русија денеска ги поздрави изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Вашингтон ги условил безбедносните гаранции за Киев со откажување од источниот регион Донбас. Кирил Дмитриев, специјалниот претставник на Русија, рече дека изјавите на Зеленски „не можат, а да не ја задоволат“ Москва. „Тој кажа важна работа… конечно сфати дека ставот на САД е таков што ќе ги поддржува безбедносните …

Continue Reading

Трамп: Иранците се лоши воини, но одлични преговарачи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на состанокот на кабинетот зборуваше за војната против Иран, која Вашингтон ја нарекува операција „Епски бес“. Трамп повтори дека САД убедливо го добиваат конфликтот, нагласувајќи дека американските сили со недели нанесуваат сериозни удари врз иранските воени капацитети „на ниво што ретко се гледа“. Тој го повтори своето претходно тврдење дека Иран сака да постигне договор. …

Continue Reading

Пред доделувањето на наградите „Порин“ за посебни заслуги, Влатко Стефановски во Сплит го претстави новиот албум Muscle Memory

Пред доделувањето на наградите „Порин“ за посебни заслуги, кои вечерва ќе ги прими на концертот во Сплит, прославениот македонски гитарист Влатко Стефановски одржа прес-конференција на која ги претстави своите два нови изданија – авторскиот албум Muscle Memory и проектот Guitar Things, во изданија на Croatia Records. Станува збор за исклучително продуктивен период за еден од најценетите гитаристи во регионот, кој …

Continue Reading

Мемов со Мисијата на ММФ: Неопходно да се преземат активности што поскоро за консолидирање на пензискиот систем

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов денеска имаше средба со Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава, предводена од шефот на Мисијата, Ник Гигинеишвили. На средбата стана збор за одржливоста на пензискиот систем, долгорочните проекции за пензии и предизвиците од демографските притисоци, политиките за подобрување на одржливоста на системот и политиките за усоглаување на пензиите. Мемов нагласи дека во …

Continue Reading

Бедните 7 проценти за платите со кои мафта Мицкоски се веќе изедени од покачените цени, велат од СДСМ

Владата на Мицкоски денеска зборува за „историски договор“ за покачување плати од бедни 7% годишно? Нема 600 евра минимална плата, нема 20% покачување на платите, бедни 7%! Во исто време Мицкоски во Собрание зборува за покачување на платите во здравството и образованието кои се од времето на СДСМ, поради законски усогласувања, истакнуваат од СДСМ. Ова, како што додаваат, е „историско“ …

Continue Reading