Американски воен брод ќе влезе во Хрватска
Владата на Република Хрватска, на денешната затворена седница, одлучи да даде одобрение за влез на американски нуклеарен воен брод во внатрешните води на Република Хрватска и негов престој во хрватско пристаниште, објави Индекс.хр. Детали за тоа за кој брод станува збор, како и датумот на пристигнување и времетраењето на престојот, сè уште не се објавени. Сепак, со оглед на тоа …
Continue Reading
Каспаров: Путин ќе го нападне НАТО ако не успее во Украина
Поранешниот светски шампион во шах и истакнат критичар на Кремљ, Гари Каспаров, изјави дека историјата се повторува додека сме сведоци на нови војни што ги водат диктаторите и автократите. Каспаров, кој се спротивставува на автократските системи повеќе од 40 години, во интервју за ХРТ коментираше за ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток, војната во Украина и политичката ситуација во Соединетите …
Continue Reading
Силно невреме ја погоди и Словенија, илјадници домаќинства без струја
Повеќе од 300 интервенции на пожарникари, прекини на електрична енергија и сообраќајни незгоди беа регистрирани денес низ цела Словенија поради силниот ветер, известува агенцијата СТА. Илјадници домаќинства беа привремено без струја поради оштетени далноводи, неколку патишта беа затворени поради дрвја што паднаа на коловозот, а неколку автомобили, камиони и работни машини беа оштетени. Многу жители на северниот дел на Словенија …
Continue Reading
Трамп: Го уништивме Иран 99%, но 1% е ракета што погодува брод од милијарда долари
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на состанок на кабинетот во Вашингтон изјави дека американските сили речиси целосно ги уништиле воените капацитети на Иран, додавајќи дека дури и минимална закана во Ормутскиот теснец може да има сериозни последици. „Проблемот со Ормутскиот теснец е овој: ги уништивме воено. Немаат воздухопловни сили, немаат морнарица, им останаа многу малку ракети. Уништивме многу од нив. …
Continue Reading
Николова до Лабудовиќ: Кој ќе понесе одговорност за затруените работници во РЕК Битола?
На денешната седница за пратенички прашања, пратеничката од СДСМ, Даниела Николова, во отсуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, упати прашање до заменик-министерот Мирослав Лабудовиќ, во однос на случајот со масовното труење на работници во РЕК Битола. Во прашањето, Николова побара детално да се испита причината и да се лоцира одговорноста. „Имаме информации, тоа веќе, нели, …
Continue Reading
(Видео) Турција на чекор до пласман на СП
Турските фудбалери се пласираа во финалето на баражот за плсман на Светското првенство. Екипата на Винченцо Монтела ја победи Романија (1:0) на стадионот на Бешикташ во Истанбул. Победничкиот гол го постигна Ферди Кадиоглу во 53-та минута, по одличната асистенција од Арда Гулер. Првотимецот на Реал испрати одлична длабока топка зад одбраната на гостите, Кадиоглу убаво ја прифати и ја протна …
Continue Reading
Коста сведочеше против својот татко, откри шокантни детали за мотивите за злосторството
Во повторената кривична постапка против Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на момчето кое го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, вчера пред Специјалниот суд во Белград се одржа петчасовно сослушување на малолетниот сторител. Зад затворени врати, момчето откри шокантни детали за мотивите за злосторството, но исто така направи неочекуван пресврт во однос на неговите претходни искази, пишува …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бега од седницата за пратенички прашања, вакви политички кукавици немало во досегашната историја
Филипче бега од седницата наменета за пратенички прашања, а партијата си пушта соопштенија што кажал Мицкоски на седницата, вакви политички кукавици немало во досегашната историја на политиката, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во кое обвинија дека премиерот, Христијан Мицкоскуи, му делел задачи на новиот јавен обвинител. „Од СДС никако да го вклучат или употребат мозокот. И така, …
Continue Reading
(Видео) Борба меѓу гордоста и болката: „Како спиеш ти“ е новиот музички проект на Александра Јанева
Александра Јанева ја претстави својата најнова песна „Како спиеш ти“, модерна поп-балада која веднаш по објавувањето предизвика лавина позитивни реакции. По долг период на брзи ритми, пејачката реши да изненади со модерна, поп балада. Авторскиот тим кој се потпишува зад овој проект се Лазар Цветкоски (музика и аранжман) и Луна Ристиќ (текст). Тие се и главните соработници на претстојниот студиски …
Continue Reading