(Видео) Мицкоски објави видео за 35 години независност: Издвоени најзначајните моменти и личности во независна Македонија

Премиерот, Христијан Мицкоски, објави видео по повод 35 години македонска независност. „Силно светнал ден! 35 години независност“, напиша тој на Фејсбук. Во видеото се прикажани некои од најзначајните моменти и личности во историјата на независна Македонија, а главен лик во видеото е Игор Џамбазов.

Continue Reading

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија, покажа холандска анализа

Колку пари може да се заштедат ако летниот одмор се помести од август во септември? Анализата на стотици илјади туристички понуди покажа големи разлики меѓу популарните европски дестинации, а меѓу земјите што беа споредени, Хрватска особено се издвои, објави Индекс.хр. Анализата на холандската веб-страница Vind Vakantie Deals вклучуваше околу 670.000 тековни пакет-аранжмани од локални туристички оператори. Станува збор за патувања …

Continue Reading

Во Охрид почнува „Силно светнал ден“ – бесплатен музички спектакл со 30 македонски изведувачи

Стадионот „Билјанини Извори“ вечерва станува сцена на која Игор Џамбазов и повеќе од 30 македонски изведувачи ќе ја раскажат приказната за Македонија низ музика, театар, поезија и современ сценски израз. Влезот е слободен. Во центарот на „Силно светнал ден“, во режија на Дејан Пројковски, е Игор Џамбазов, како главен лик, домаќин и раскажувач кој ја води публиката низ различните времиња …

Continue Reading

Вечерва во Драчево продолжува киното на отворено со филмот „Трето полувреме“

Откако вчеравечер филмскиот викенд започна со култниот „Бал-Кан-Кан“, киното на отворено во Драчево продолжува и вечерва. Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Македонија, ги поканува граѓаните на уште една филмска вечер во Амфитеатарот на Домот на културата во Драчево. Вечерва, 09.08.2026 (недела), со почеток во 20:00 часот, на големото платно ќе се прикаже „Трето полувреме“, уште едно извонредно …

Continue Reading

Зеленски: Путин подготвува тајна мобилизација и носи десетици илјади Корејци

Рускиот претседател, Владимир Путин, подготвува тајна мобилизација од големи размери и планира да распореди десетици илјади севернокорејски војници на руска територија, предупреди украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Зеленски рече дека Путин бара начини да го зголеми бројот на војници без официјално да прогласи мобилизација бидејќи, според него, сè уште не успеал да обезбеди победа во Украина. „Размислува како да го измами …

Continue Reading

(Видео) Ѓоковиќ се опушти на концерт на Владо Георгиев: „Дали сум единствениот што го гледа ова по 73-ти пат?“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ моментално е на одмор со своето семејство во Црна Гора, а слободното време го искористи за да оди на концертот на Владо Георгиев во Херцег Нови. Сепак, не се задржа долго во публиката – во еден момент се качи на сцената и стана една од главните ѕвезди на вечерта. Ѓоковиќ им се придружи на Владо Георгиев …

Continue Reading

(Видео) Стојчевски: Во Штип се распродава земјата за бизнис интересите на ВМРО – бараме итно поништување на огласите

Општина Штип водена од градоначалникот на ВМРО – Иван Јорданов, започна со распродажба на земјата во сопственост на државата, обвини Трајче Стојчевски, претседател на СДММ. „Повторно на мета се познатите штипски ‘Печурки’. Таму постојат правни субјекти од кои граѓаните со години егзистираат. Затоа прашуваме: Дали имате согласнот за изградба на шеснаесеткатница, од граѓаните кои работат таму и ги прехрануваат своите семејства? …

Continue Reading

(Видео) Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во изминатиот период се реализираат бројни инфраструктурни и развојни проекти кои имаат за цел да ја подобрат туристичката понуда, да ја зголемат …

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промoвира како иднина на Македонија

Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промoвира како иднина на Македонија ако дојде на власт, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Талогот од СДС си го покажа вистинското лице. Христијан Ефтимов, Илија Стојанов, Зоран Трифуновски, Филип Андов Сокол и други лица од СДС, ќе бидат иднината на Македонија ако Венко Менгеле дојде …

Continue Reading