Нема ниту еден регистриран, ниту хоспитализиран пациент, чија здравствена состојби се поврзува со консумирање загадена вода во Скопје, велат од Министерството за здравство

Министерството за здравство ја информира јавноста дека досега нема ниту еден регистриран, ниту хоспитализиран пациент, чија здравствена состојби се поврзува со консумирање загадена вода во Скопје. Ова го потврди директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана на денешната прес-конференција во Министерство за здравство, како и одговорните лица од Институт за јавно здравје и Центар за јавно здравје-Скопје, кои исто така, …

Continue Reading

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче. Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и …

Continue Reading

„Само сонот е стварност“: Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ од 20 до 27 август

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 20 до 27 август во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, „Лабораториум“ и Албански театар во Скопје. Комплетната програма и сите фестивалски активности за 17-тото издание на „МакеДокс“ беа објавени на прес-конференција, што се одржа на 12 август 2026 година во Едукативен културен центар „Лабораториум“, на која се обратија …

Continue Reading

Демократски сојуз: За независна и самостојна Македонија беа Македонците и припадниците на националните малцинства

„Во пресрет на одбележување на 35 години независна Македонија се разви полемика, партиски расправи и пресметки за тоа, чија е заслугата или кој ги оспорува фактите на процесот на градење на современа македонска држава. Гледано од денешна перспектива, во деведесеттите години актуелните водства на повеќето политички партии имаа многу малку или воопшто немаа никакво влијание во процесите на осамостојување на …

Continue Reading

АХВ: Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира пласираните дезинформации во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен сиистем е небезнедена за пиење поради наводно присуство на бактерија Escherichia coli. „Како одговорна институција ја информираме јевноста дека АХВ до овој момент нема добиено известување од скопското јавно комунално претпријатије за незадоволителен резултат од лабораториско тестирање на водата за пиење, што …

Continue Reading

Физичка пресметка меѓу четворица во Кисела Вода: причина бил напад врз малолетно девојче

Вчера во 20:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Ѓ.(43) и Р.Ѓ.(42) од една страна и А.С.(32) и С.З.(34) од друга страна, сите од Скопје. Според пријавеното, причина за физичката пресметка било тоа што претходно А.С. физички ја нападнал малолетната ќерка на Н.Ѓ. и …

Continue Reading

Две лица измамени за 15 илјади евра: тетовец им рекол дека ќе им среди да земаат пензија во странство

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.Е.(55) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во текот на 2025 година, пријавениот со лажно прикажување на факти земал пари во износ од 15.000 евра од две лица од тетовско, односно ги измамил дека ќе им го среди работниот стаж во странска земја за да можат да добијат …

Continue Reading

15-годишник објавил експлицитни слики од малолетни девојче на интернет: случајот во полиција го пријавила мајка и

Вчера во СВР Скопје 36-годишна жена пријави дека 15-годишен малолетник, кој од претходно се познавал со нејзината малолетна ќерка, објавил слики со експлицитна содржина на социјални мрежи од нејзината ќерка. Со малолетникот бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на родител и адвокат и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Од водите на Преспанското езеро извлечено телото на скопјанец

Вчера во 13:15 часот во Преспанското езеро, кај туристичката населба Претор, специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар го извлече телото на 71-годишниот М.М. од Скопје, за кој на 08.08.2026 околу 12:20 часот во СВР Битола било пријавено дека скокнал од чамец во езерото кај село Сливница, ресенско, по веслата кои му паднале. Увид извршила екипа на СВР Битола – ОВР …

Continue Reading