(Видео) Поранешната министерка на Трамп се изгуби во географијата за време на тв-интервју

Поранешната американска министерка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, направи голем географски гаф за време на интервјуто со познатата водителка Грета Ван Сустерен, мешајќи ги континентите во живо на телевизија. На директното прашање од Ван Сустерен за тоа кој е најдобриот сојузник и пријател на Соединетите Американски Држави во Јужна Америка, Ноем одговори: „Многу соработувавме со Ел Салвадор… Костарика беше фантастична“. …

Continue Reading

Недостиг на гориво во Русија: бензинските пумпи во Москва и Санкт Петербург воведоа рестрикции за купувачите

Водечките синџири на бензински пумпи во Москва, Санкт Петербург и неколку други руски региони воведоа официјални ограничувања за продажба на гориво, соопштува украинската новинска агенција УНН. Рестрикциите се движат од 20 до 100 литри по купувач, што е директна последица на тековните проблеми со снабдувањето кои се шират низ целата земја. На бензинските пумпи на компанијата „Татнефт“ во Санкт Петербург …

Continue Reading

ЕУ воведува строги правила во угостителството: од август се забранува еднократната пластична амбалажа

Од август годинава, гостите во рестораните, кафулињата и хотелите широм Европската Унија ги очекува голема промена. Со новата Уредба за амбалажа и амбалажен отпад се воведува строга забрана за користење на пластична амбалажа за еднократна употреба, јавува хрватскиот јавен сервис ХРТ. До донесувањето на оваа уредба, на земјите-членки на ЕУ им беше препуштено самите, на свој начин и во рамките …

Continue Reading

Албанското обвинителство бара апсење на 20 лица и заплена на 128 милиони евра наводно поврзани со проектот на зетот на Трамп

Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал во Албанија (СПАК) издаде налози за апсење на 20 лица и нареди превентивна заплена на имот во вредност од над 128,4 милиони евра. Истрагата е насочена кон меѓународна трговија со кокаин, а медиумите јавуваат дека дел од замрзнатите средства и недвижности се директно поврзани со земјиштето каде што се планира изградба …

Continue Reading

(Видео) Руски дрон соборен над свадбена фотосесија во Запорожје

Момент на свадбена радост во украинскиот град Запорожје се претвори во сцена на шок и страв, откако над местото на фотографирање беше соборен руски камиказа-дрон, кој експлодираше во воздух и се распадна во огнена топка. Инцидентот се случил на 7 јуни, додека младенците позирале за свадбени фотографии на отворено. На видео-снимката се гледа како дронот е пресретнат во воздух над …

Continue Reading

Катарските преговарачи се упатуваат кон Иран за да го финализираат договорот за завршување на војната

Преговарачки тим од Катар утрово отпатува за Техеран со цел да помогне во финализирањето на договорот за ставање крај на воениот конфликт меѓу САД и Иран, потврдија извори запознаени со ситуацијата за агенцијата Ројтерс. Катар, заедно со Пакистан, со месеци наназад посредува меѓу Вашингтон и Техеран во обид да се најде заеднички јазик. Дипломатските напори кулминираа викендов со интензивни разговори, …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е најгласниот адвокат на бугарските барања во Македонија

Филипче и СДС не нудат решение за Македонија, туку нудат нови отстапки со кои овозможуваат нови уцени, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче глуми адвокат на официјална Софија и ги стави туѓите интереси пред македонските. Венко Филипче е опседнат со внесување на Бугарите во Уставот, што покажува дека за СДС нема црвени линии кога се во прашање националните интереси и достоинството на …

Continue Reading

Британските вооружени сили првпат пресретнаа руски танкер од „флотата во сенка“ во Ла Манш

Британските вооружени сили во раните утрински часови во неделата пресретнаа руски нафтен танкер од таканаречената „флота во сенка“ во Ла Манш, соопшти британскиот премиер Кир Стармер. Во шестчасовна операција, припадници на Кралските маринци и специјално обучени службеници од Националната агенција за борба против криминалот се качиле на танкерот „Смиртос“, со поддршка од британските воздухопловни сили. Според британското Министерство за одбрана, …

Continue Reading

Шведска пресретна руски воени авиони над Балтичкото Море

Шведските воздухопловни сили во петокот пресретнале руски воени авиони кои летале во близина на шведскиот воздушен простор над Балтичкото Море, соопштија шведските вооружени сили. Според војската, борбените авиони „Грипен“ биле подигнати во воздух во два одделни наврати поради присуството на руски авиони од типовите Су-24 и Су-34. Притоа не било регистрирано нарушување на шведскиот воздушен простор. Шведскиот премиер Улф Кристерсон …

Continue Reading