Сонце и пеколна жега, па невреме: Денеска до 41 степен

Сончево и многу топло време со температури до 41 степен Целзиусов се очекува денеска во Македонија. Во текот на денот ќе има мала до умерена локална облачност, а попладне, особено во планинските региони, ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од …

Continue Reading

Арсенал рутински се справи со Ковентри

Фудбалерите на Арсенал го победија Ковентри со 3:0 во првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата. За прв пат, „топџиите“ одиграа натпревар на стадионот „Емирати“ како актуелни шампиони на Англија, а одбраната на тронот ја започнаа со сигурна и убедлива победа. Головите за тимот на Микел Артета ги постигнаа Каи Хаверц, Букајо Сака и Мартин Едегор. Ковентри се врати …

Continue Reading

Иран: Америка не го разбира јазикот на дипломатијата

Претседателот на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент, Ебрахим Азизи, денес на Икс напиша дека Соединетите Американски Држави покажаа дека не го разбираат јазикот на дипломатијата. Тој додаде дека САД ниту ќе ги укинат санкциите, ниту ќе ослободат ирански средства, ниту ќе го прекинат „морското пиратство“. Азизи заклучи дека „историјата ќе покаже дека јазикот на силата …

Continue Reading

Брзо одење или трчање – што е подобро за намалување на крвниот притисок, според мислењето на лекарите

Физичката активност е еден од клучните фактори на кои можеме да влијаеме за да го намалиме ризикот од хипертензија, што значи дека редовното вежбање може да ни помогне подобро да го контролираме притисокот. Одењето и трчањето се меѓу наједноставните начини за зголемување на нивото на активност бидејќи не бараат многу опрема и можат да се практикуваат речиси насекаде. Но, кој …

Continue Reading

Вклучете го во вашата исхрана: oва суперовошје го штити срцето, кожата и го зајакнува имунитетот

Агрумите како што се портокалите, лимоните, мандарините и грејпфрутот не се само сочни и освежителни, туку содржат и малку калории и се богати со витамини, минерали, влакна и антиоксиданси. Поради сето ова, тие можат да бидат одличен дел од балансирана исхрана. Редовната консумација на агруми може да има голем број позитивни ефекти врз телото, пишува Health.com. Тие се добар извор …

Continue Reading

Филипче, кого Абази го спаси од кривична одговорност за модуларните, се плаши од избори и уште го штити Лимани за водата во Гостивар, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Венко Филипче се врати од одмор на милионската јахта во Паљури со неговиот ментор, Зоран Заев. И во Скопје, како по договор неговиот, на Заев и на Али Ахмети аргат, Ислам Абази го затвори предметот за 19 модуларни болници набавени за време на ковид кризата, од кои во тетовската избувна пожар што за две минути ја проголта цела со 14 …

Continue Reading

Силно невреме се движи кон Словенија и Хрватска; Италија е веќе на удар, снег на Алпите

Централниот дел на Медитеранот е под влијание на циклон над Џеновскиот Залив, кој носи бури и обилни врнежи од дожд на Апенинскиот Полуостров, Алпите и северозападниот дел од регионот. Италија е веќе на удар на многу обилни врнежи од дожд и силни грмотевици. Делови од Италија се исто така под влијание на суперцелуларни бури. Бурите и обилнита врнежи од дожд …

Continue Reading

Мицкоски, последниот Наполеон на Македонија, вели Таравари

Северна Македонија и претходно го има видено ова сценарио: премиери кои, опиени од власта, мислеле дека најлесниот начин да ја покажат својата сила е да удираат по Албанците, вели лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари. Денес, како што додава, Мицкоски чекори по истиот пат. „Удари врз албанскиот јазик. Релативизирање на Бадентер. Слабеење на правичната и соодветна застапеност. А пред …

Continue Reading

Британски „Тајмс“ за Вучиќ: На европскиот „камелеон“ што игра меѓу Истокот и Западот можеби му истекува времето

Британски „Тајмс“ објави обемен текст за српскиот претседател Александар Вучиќ, неговиот балансирачки чин меѓу Москва и Брисел, како и за сè посилното студентско протестно движење, кое според анкетите на јавното мислење има поголема поддршка од властите. „Како средновековен крал што прима петиции, Александар Вучиќ, претседателот на Србија, стоеше на главниот плоштад во едно мало гратче на југозападот од земјата, додека …

Continue Reading