Евакуирани 900 лица по ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала

Речиси илјада луѓе се евакуирани денеска во Гватемала откако вулканот Фуего повторно еруптираше, соопштија органите за цивилна заштита. Лоциран на околу 35 километри југозападно од главниот град на Гватемала, вулкан се активираше, исфрлајќи лава, пепел и карпеста маса. „Како мерка на претпазливост, започна евакуацијата на околу 125 семејства или околу 900 лица“, соопшти националната служба за управување со катастрофи. Општинската …

Continue Reading

Николоски: Ја разгледуваме можноста Скопје и Прага да ги поврземе со авиолинија, како и можностите за нова авиолинија Охрид – Карлови Вари

Поврзување на Скопје со Прага, соработка меѓу двата аеродроми и воведување на нови авиолинии, беа тема на разговорите помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и Јири Пос, претседател на Бордот на директори на aеродромот Вацлав Хавел – Прага, на средбата што денеска се одржа во Прага. Вицепремиерот Николоски потенцираше дека Владата е максимално посветена на …

Continue Reading

Битолчанец и Британец жртви во сообраќајка на патот Битола – Прилеп, повреден е Индиец

На магистралниот пат Битола – Прилеп, денеска во 11.55 часот се случи сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „дачиа” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.И.(37) од Битола, и товарно возило „ивеко” со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(29) од селото Обршани, Општина Кривогаштани. Од СВР-Битола соопштија дека во несреќата, на местото на настанот почина возачот на патничкото возило Е.И. и …

Continue Reading

Рубио оптимист за претстојните разговори со украинските власти

Американскиот државен секретар Марко Рубио изрази денеска оптимизам за претстојната средба на американските и украинските претставници во Саудиска Арабија и додаде дека треба да се разработат повеќе детали од договорот за ретки метали меѓу Вашингтон и Киев. Тој рече дека Вашингтон треба да ја разбере позицијата на Киев и да има општа идеја за тоа какви отстапки може да направи, …

Continue Reading

Затекнати камиони како истураат огромни количини отпад на приватна дива депонија во Драчево

Инспекторите на Град Скопје при вршење на вонреден инспекциски надзор во околината на населено место Драчево, на улицата „Јустинијан“ затекнале камиони како истураат огромни количини отпад на приватна дива депонија на територија меѓу Општина Кисела Вода и Студеничани. Станува збор за дива депонија со површина од 5.000 квдратни метри на приватен имот. -При вршење на вонредната контрола затечена е фирмата …

Continue Reading

Гаши се сретна со новоименуваната амбасадорка на Јапонија, разговараа за можноста за размена на искуства меѓу двете земји

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска имаше средба со новименуваната амбасадорка на Јапонија во земјава, Сецуко Кавахара. Претседателот Гаши на амбасадорката Кавахара ѝ посака срдечно добредојде и ѝ посака успешно извршување на функцијата. Тој изрази надеж дека Северна Македонија и Јапонија ќе ги продолжат и ќе ги продлабочат добрите и пријателски односи, коишто ги негуваме со децении наназад. Претседателот додаде …

Continue Reading

Божиновска и македонска делегација во Тушимице: Како Чешка ги модернизира своите термоелектрани?

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со претставници од Министерството, делегација од ЕСМ и македонски новинарски екипи, оствари посета на термоелектраната Тушимице во Чешка. Оваа термоелектрана, лоцирана во близина на градот Кадан, е една од најголемите во земјата и има инсталиран капацитет од 800 MW, со четири генерациски единици од по 200 MW. За време на …

Continue Reading

Се запали „рено меган“, пожарот зафати и седум други возила во Кисела Вода

Денеска (10.03.2025) во 01.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода во Скопје настанал пожар во патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Р.(23) од Скопје. Во пожарот делумно биле зафатени и други седум патнички возила: „сузуки“ сопственост на Х.С., „опел“ сопственост на правен субјект , „шевролет“ сопственост на Т.А., „шевролет“ сопственост …

Continue Reading

Не им дозволувал на сопругата и двете малолетни деца да излезат од дома

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.А.(38) од гостиварско село поради постоење основи за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“. Имено на 23.01.2025, пријавениот не им дозволувал на неговата сопруга со нивните две малолетни деца да излезат од семејниот дом.

Continue Reading