СДСМ: За Мицкоски екскурзија во Белгија – за граѓаните македонски планини и езера
СДСМ преку соопштение утринава упати критики кон премиерот Христијан Мицкоски поради неговото најавено патување во Белгија. „Христијан Мицкоски ќе оди на „екскурзија“ во Белгија. Малку Бриж. Малку Брисел. На граѓаните им порачува: летувајте на езерата и планините во Македонија. На границите – гужви и часови чекање. Затоа што Македонија е изолирана. Изолирана затоа што така сака Мицкоски. Не сака во …
Continue Reading
(Видео) Грција во состојба на висока готовност поради шумски пожари, огнената стихија се шири и во Франција
Грција и понатаму е во состојба на висока готовност поради големите шумски пожари кои продолжуваат да беснеат низ земјата, додека нови пожари повторно се активираат и во Франција. Критична состојба во Грција За голем дел од Грција е проценет највисок ризик од шумски пожари, а службите за цивилна заштита прогласија највисок, црвен степен на тревога за поширокиот атински регион. Најкритично …
Continue Reading
Танкер погоден со „непознат проектил“ во Ормутскиот Теснец кај брегот на Оман
Танкер бил погоден со „непознат проектил“ во Ормутскиот Теснец, во близина на брегот на Оман, соопшти Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO). Според информациите на агенцијата, при инцидентот била оштетена машинската просторија на бродот, но нема повредени лица, ниту е регистрирано загадување на морето. Нападот се случил на околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима, наведува …
Continue Reading
(Видео) Во руски ракетен напад врз Киев загинаа најмалку девет лица, повредени 27
Најмалку девет лица загинаа, а 27 се повредени, меѓу кои и четири деца, во руски ракетен напад врз Киев во текот на ноќта. Украинската престолнина беше погодена со балистички ракети, по што низ градот одекнаа серија експлозии, а густ чад го прекри небото. Украинската Државна служба за вонредни ситуации соопшти дека спасувачките екипи досега извлекле 105 лица. Пожари и оштетувања …
Continue Reading
Северна Кореја го обвини НАТО дека ја шири воената инфраструктура во Европа за подготовки за војна
Северна Кореја го обвини НАТО дека се подготвува за војна преку проширување на воената инфраструктура за гориво низ Европа, оценувајќи дека плановите на Алијансата покажуваат оти таа станува сè поагресивен воен блок, пренесува „Ројтерс“. Во коментар објавен преку државната новинска агенција КЦНА, Пјонгјанг го критикуваше планот на НАТО за обновување на инфраструктурата за снабдување со гориво. Северна Кореја тврди дека …
Continue Reading
Продолжува топлотниот бран, температурите до 39 степени – ИЈЗ со препораки за заштита од жештините
Под влијание на топла воздушна маса од југ, Македонија и во наредните денови ќе биде зафатена од период на сончево и многу топло време. Според прогнозите, високите температури ќе се задржат во текот на продолжениот викенд, но и до крајот на следната седмица, со мала до умерена локална облачност. Освен високите дневни температури, топло ќе биде и во вечерните и …
Continue Reading
Поради зголемениот ризик од пожари, Владата прогласи 30-дневна кризна состојба
На денешната седница, Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година. Одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално мобилизирање на сите расположливи …
Continue Reading
Премиерите на Македонија и Србија разговарале за економијата, инфраструктурата и железничкото поврзување со Грција
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид остварил тет-а-тет средба со премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, на која разговарале за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и заедничките развојни проекти. Како што објави Мицкоски на Фејсбук, во отворен и конструктивен разговор размениле мислења за актуелните регионални предизвици, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи што треба да придонесат за поголем …
Continue Reading
Земјотрес во Италија, жителите велат дека траел повеќе од 20 секунди
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди југот на Италија. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот бил на околу 13 километри западно од Неапол, а хипоцентарот на длабочина од приближно два километра. Жителите на Неапол и околината на социјалните мрежи објавија дека потресот траел повеќе од 20 секунди и дека во некои делови дошло до …
Continue Reading