Трамп: Никој нема да ги протера Палестинците од Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ниту еден Палестинец нема да биде протеран од опколениот Појас Газа, иако тој продолжува со својот план за преземање и обнова на палестинската енклава. „Никој не ги протерува Палестинците“, рече Трамп одговарајќи на новинарско прашање додека беше домаќин на ирскиот премиер Мајкл Мартин во Овалната соба. Коментарите на американскиот претседател доаѓаат откако израелскиот …

Continue Reading

Пленковиќ: Американските царини не би требало да имаат значително влијание врз Хрватска

Премиерот Андреј Пленковиќ изјави денеска дека американските царини за увоз на челик и алуминиум од Европската унија не треба значително да влијаат на Хрватска и дека во овој момент овој потег „не е толку загрижувачки“ за трговските односи меѓу Хрватска и САД. Тој додаде дека „подетално треба да се анализира поврзаноста на бројни хрватски компании со поголеми европски компании, кои …

Continue Reading

Од утре ски-центарот „Попова Шапка“ нема да работи, до следните снежни врнежи

Од утре ски-центарот „Попова Шапка“ нема да работи па се до следните снежни врнежи. „Поради временските услови и немањето доволно снег на нашите патеки, од утре, 13 март, Ски центарот “Попова Шапка” привремено ќе ги прекине активностите до следните врнежи од снег. Ви благодариме за страста и енергијата што ја носите на нашите патеки секој ден. Подгответе ја вашата опрема, …

Continue Reading

Шолц повика на континуирана поддршка за Украина

Германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц денеска повика на континуирана, постојана поддршка за Украина. „Сè додека не се заклучи мирот, Европа и САД мора да продолжат да ја поддржуваат Украина“, рече Шолц на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Антонио Коста во Берлин, според Тагесшау. Според него, прекинот на огнот дава можност да се истражат начини за постигнување на …

Continue Reading

Трамп: Нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов, Украинците се повлекуваат од Курск

Доналд Трамп, кој е домаќин на ирскиот премиер во Белата куќа, ја искористи можноста да коментира за клучните меѓународни прашања пред светските медиуми. Тој рече дека САД добиле „некои позитивни пораки“ по вчерашните разговори за прекин на огнот со Украина во Саудиска Арабија. „Се надевам дека ќе постигнеме прекин на огнот“, им рече Трамп на новинарите, додавајќи дека „сега зависи …

Continue Reading

Пролетна промо понуда за патничко осигурување од МинтИнс, плати 30 дена добиј 90 дена

Mintins Go – Патничко осигурување Патувајте паметно, сигурно и без стрес. Со Mintins Go добивате 90 дена патничко осигурување за цената на 30 дена! – Осигурување од само 1192 ден. – Покривање во рок од 365 дена – Патувајте спокојно и без стрес Не ја пропуштајте оваа одлична промо понуда која трае до 31.03.2025. Дознајте повеќе: www.mintins.mk/patnicko-osiguruvanje

Continue Reading

Зеленски: Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски. „Нема да признаеме ниту една територија окупирана од Русија. Тоа е факт. Нашиот народ се бореше за ова, нашите херои ги дадоа своите животи… Значи, никој нема да го заборави ова. Кога велам дека никој нема да заборави, тоа се нашите главни црвени …

Continue Reading

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ги погоди Филипини

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на Филипинскте Острови, соопшти германскиот истражувачки центар за геонаука ГФЗ. Епицентарот на земјотресот е на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за жртви или евентуална материјална штета.

Continue Reading

Хрватскиот министер за одбрана: НАТО нема да дозволи ситуацијата на Балканот да се развива како пред 30 години

Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ денеска во врска со безбедносната состојба во регионот изјави дека внимателно ја следи политичката ситуација во Босна и Херцеговина, Србија и Косово и изрази уверување дека НАТО нема да дозволи ситуацијата да се развива како пред 30 години. „Со големо внимание ги следиме сите политички настани, не само во Босна и Херцеговина, туку и …

Continue Reading