Специјалисти за изгореници и интензивна нега од Израел, Србија и Чешка доаѓаат утре на помош на македонските лекари
Од вкупно 115 пациенти кои денес беа примени на лекување во болниците во Кочани, Штип и Скопје по смртоносниот пожар во дискотека во Кочани, 47 ќе заминат на лекување во странство, а за останатите повредени утре во земјава ќе пристигнат лекари од странство кои ќе помагаат во лекувањето. Министерот за здравство Арбен Таравари вечерва рече дека сите пациенти кои остануваат …
Continue Reading
(Видео) Мицкоски не дава оставка: Прво ќе ги поразам сите овие кои го доведоа овој систем да биде корумпиран, а потоа ќе излеземе на избори
Премиерот Христијан Мицкоски на вонредна прес-конференција кажа дека дискотеката имала фалсификувана лиценца издадена на 13 март 2024 година, потпишана од тогашниот државен секретар. „Се работи за лиценца за кабаре“, рече Мицкоски и додаде дека без разлика што е фалсификувана лиценцата архивскиот број е од 13.03 2024, односно на 14.03 2025 таа била истечена. На прашањето дали ќе биде разрешен …
Continue Reading
(Видео) СДСМ побара темелна истрага за трагедијата во Кочани: Министре Тошковски, нели е срамно да не поднесете одговорност
Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, денеска на вонредна прес конференција побара темелна и независна истрага за целиот случај. Апелираше до Обвинителството и сите истражни органи оваа трагедија да ја истражат до крај и граѓаните да ја добијат вистината а одговорните да одговараат. Постави и неколку прашања до министерот за внатрешни, Панче Тошковски. „Министре Тошковски, нели е срамно да не поднесете …
Continue Reading
Таравари: Вкупно 47 пациенти ќе се лекуваат надвор од државата
Сите пациенти што се згрижени во болниците во државата се стабилни и во добра состојба. Од тие 20 критични и средно-критични некои се испратени надвор од државата, извести министерот за здравство, Арбен Таравари. „На Кличички центар се 25 пациенти сите надвор од животна опасност, градска болница 24, сите надвор од животна опасност, и во „8 Септември“, сите се во добра …
Continue Reading
Животите на млади луѓе за миг згаснаа заради самоволие, импровизација и манипулација, ниту еден одговорен не смее да избегне казна, порача претседателката Сиљановска-Давкова
Со солзи во очите и растреперен глас вечерва на македонските граѓани се обрати претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за пожарот во Кочани со 59 загинати и 155 повредени. Кажа дека ги посетила повредените во болниците и повика да ги здружиме силите околу преживеаните. Почара дека никој не смее да избегне одговорност. „Почитувани и сакани граѓани, ве молам водени од хуманоста и емпатијата …
Continue Reading
(Во живо) Вонредно обраќање на премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски ќе се обрати на прес-конференција по повод страшната трагедија која ноќеска ја потресе целата земја, кога повеќе од 50 лица загинаа, а над 100 се повредени во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Continue Reading
„Голем човек, големо срце, голема загуба“, „Секогаш ќе те памтам по твојата насмевка и блесава смисла за хумор“, колегите се простуваат од Андреј „ДНК“
Колегите на Андреј од „ДНК“ со емотивни пораки се простуваат од музичарот. „Голем човек, големо срце, голема загуба. Почивај во мир добро човече, баш на оваа песна ви пеев пратечки вокали… Пеј како што си знаеше ти најгласно, најубаво, таму горе. Не сакам да верувам“, напиша Антониа Гиговска. „Приказната за љубовта се состои од здраво и збогум, сè додека не …
Continue Reading
(Видео) Арсенал го победи Челси – Фулам го изненади Тотенхем
Арсенал го победи Челси со 1:0, а Фулам запиша триумф над Тотенхем 2:0 во 29.коло во Премиер лигата. Арсенал го доби натпреварот со еден гол во првото полувреме и со тоа ја продолжи трката за титулата во Премиер лигата и Ливерпул кој е на првото место. Се играше 20. минута кога Микел Мерино погоди на асистенција на Мартин Одегард за …
Continue Reading
Владата на вонредна седница донесе неколку важни одлуки
Владата ја започна денешната седница со едно минутно молчење со цел да им се оддаде почит на трагично загинатите лица во трагедијата во Кочани. „На денешната вонредна владина седница по трагичниот настан во Општина Кочани каде во несреќен случај при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100ци луѓе се хоспитализирани и им се укажува лекарска …
Continue Reading