Три знаци во мај ќе мора да внимаваат на парите: Следуваат трошоци и долгови
Според астролошките прогнози, мај ќе донесе финансиски предизвици за три хороскопски знаци – Близнаци, Лав и Јарец. Кај Близнаците се предупредува на импулсивно трошење и можни проблеми поради стари долгови или казни. Лавовите треба да внимаваат на ризични инвестиции и сомнителни понуди за „брза заработка“, како и на ненадејни трошоци поврзани со техника или автомобил. За Јарците, пак, мај носи …
Continue Reading
Зеленски воведе санкции против поранешниот шеф на кабинетот: Му замрзна имот и одзеде одликувања
Украинскиот претседател Володимир Зеленски воведе 10-годишни санкции против својот поранешен шеф на кабинетот Андриј Бохдан. Мерките вклучуваат одземање државни одликувања, замрзнување имот, забрана за комерцијални трансакции и изнесување капитал од државата. Официјалната причина за санкциите не е објавена. Бохдан на Фејсбук навести дека потегот можеби е поврзан со медиумски извештаи за наводна корупција поврзана со Зеленски и неговата сопруга Олена …
Continue Reading
Трамп испраќа оружје вредно 8 милијарди долари на Блискиот Исток: „Постои вонредна состојба“
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп забрзано одобри испорака на оружје вредно осум милијарди долари за Израел, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт, повикувајќи се на „вонредна состојба“. Според Стејт департментот, државниот секретар Марко Рубио оценил дека постои итна потреба за продажбата, со што е заобиколена вообичаената процедура во Конгресот. Пакетот вклучува системи за противвоздушна одбрана, ракети со ласерско наведување …
Continue Reading
Во Франција се појави „Страдивариус“ вреден милиони – сомнеж дека е виолина украдена од нацистите
Во Франција се појави виолина на Антонио Страдивари вредна повеќе од 10 милиони евра, за која експертка за ограбени уметнички дела тврди дека можеби е инструментот „Лаутербах“, украден од нацистите од Националниот музеј во Варшава во 1944 година. Виолината била свирена на концерт во Колмар кон крајот на март, а експертката Паскал Бернхајм вели дека е „цврсто убедена“ дека станува …
Continue Reading
Трамп скептичен за новиот ирански мировен предлог: „Не платиле доволно висока цена“
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе го разгледа новиот мировен предлог на Иран, но порача дека е скептичен оти Техеран сè уште не „платил доволно висока цена“. Според иранските агенции, Техеран преку Пакистан испратил до САД предлог од 14 точки, кој вклучува повлекување на американските сили од регионот, укинување на санкциите, ослободување на замрзнат ирански имот и нов механизам …
Continue Reading
Антонели пред Макс и Леклер на пол позицијата во Мајами
Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Мајами, четвртата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. До пол позицијата возачот на Мерцедес дојде со брилијантен круг (1:27.798). На улиците на Мајами, младиот Италијанец ја освои третата квалификациска победа по ред, две десетинки од секундата пред Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул. Најблиску до …
Continue Reading
Карвахал повторно се повреди – Се враќа во последното коло да се збогува со клубот
Дани Карвахал (34), капитенот на Реал и легенда на клубот, доживеа фрактура на коската на малиот прст на десната нога. Поради ова, тој ќе паузира две недели или четири лигашки натпревари бидејќи Реал објави дека тоа е проценетото време за закрепнување. Карвахал ќе ги пропушти натпреварите против Еспањол, Барселона, Овиедо и Севилја, но се очекува да се врати за натпреварот …
Continue Reading
Марта Костјук го освои Мастерсот во Мадрид
Украинската тенисерка Марта Костјук ја освои титулата на Мастерсот во Мадрид. Во финалето славеше над Русинката Мира Андреева со 6:3, 7:5. Костјук, моментално 23-та тенисерка во светот, славеше против осмата на ВТА листата по еден час и 22 минути игра и со тоа стигна до најголемата титула во нејзината кариера, првата во серијата од 1.000. Ова е трет трофеј за …
Continue Reading
(Видео) Ѓокереш го реши Фулам
Фудбалерите на Арсенал го победија Фулам со 3:0 во 35-то коло од Премиер лигата и со тоа направија чекор напред кон освојување на титулата. Пресметката на „Емирејтс“ ја обележа Виктор Ѓокереш со два гола и асистенција за Букајо Сака. Арсенал, од февруари и дуелот со Тотенхем не постигнал три или повеќе голови на еден натпревар. Предноста од три гола по …
Continue Reading