Тошковски на средба со претставници од ДКСК: соработката треба да се негува и продлабочува

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со претседателката Татјана Димитровска и претставници од Државната комисија за спречување на корупција. На средбата претседателката ги презентираше тековните активности на комисијата и ја потенцираше обврската што ја имаат согласно изборниот законик, а се однесува на објавување на регистар на службени возила на државните институции на нивната веб страна и …

Continue Reading

Костадиновска- Стојчевска: Нови идеи и заеднички активности со музеите во Ватикан

Изложба со македонски икони во Музејот на Ватикан е една од точките за која е постигнат првичен договор помеѓу министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска и заменикот уметничко- научен директор на Музејот, Џандоменико Спинола, на нивниот состанок одржан во Ватикан. Нашата држава одново ќе има прилика на светската јавност да и го претстави културното наследство и вредните икони изработени од …

Continue Reading

Maјка го нашла својот 35-годишен син починат во домот во Чаир

Скопјанка пријавила дека во својот дом на подрачјето на Чаир го пронашла починат нејзиниот син И.М.(35) од Скопје, кој имал здравстевни проблеми. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Continue Reading

Снаа физички го нападнала свекорот во Драчево, се вмешале и внуците

67-годишен маж од Скопје пријавил дека во неговиот дом на подрачјето на Драчево, по претходна расправија, физички бил нападнат од снаата М. М. и неговите малолетни внуци, кои употребиле и тврди предмети. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.

Continue Reading

Загина градежен работник во Чаир

Синоќа во Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека околу 12.00 часот кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ч.В.(63) од Куманово, кој во 22.00 часот починал. „Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на градежни работи на подрачјето на Чаир. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција“, велат од МВР. …

Continue Reading
Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

Жена од САД се расправала со станарите во Кисела Вода, полицијата ја приведе

Полицијата во Кисела Вода синоќа ја приведе К.А.Р.(49) од САД затоа што во зграда на подрачјето на Кисела Вода го нарушила јавниот ред и мир и агресивно се однесувала кон дел од станарите. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Continue Reading

Поднесено е обвинение против струшкиот градоначалник за набавката на „аудито“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе обвинение против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Од ОЈО ГОКК на денешниот брифинг со новинарите соопштија дека обвинението е поврзано со набавката на луксузниот автомобил „ауди“, односно со злоупотреба на службена положба. Претходно, Антикорупциската комисија во 2020 година поднесе иницијатива за кривично гонење на Мерко, но Обвинителството тогаш го затвори случајот …

Continue Reading

(Видео) Снимка од воздух од погребот на Навални

Снимката направена од воздух која ја објави агенцијата „Некста“ покажува колку луѓе денеска дојдоа во предградието на Москва за да му кажат последно збогум на неодамна починатиот, Алексеј Навални. Долга колона во која има илјадници луѓе, како што проценуваат новинарите на Новаја Газета, се движи од правец на црквата Богородица во областа Марино на периферијата на Москва кон гробиштата Борисовски. …

Continue Reading

Сообраќајна незгода кај Плетвар, сообраќајот во прекин во двата правци

Поради сообраќајна несреќа, на патниот правец Градско-Прилеп кај Плетвар, сообраќајот е во прекин во двата правци од 14:15 часот, извести Центарот за управување со кризи. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Continue Reading