Тротинет удри во жена во Скопје, со тешки повреди заврши на Комплексот клиники
Тротинет управуван од 33-годишник (Е.Т.) удри во жена со иницијали Р.М.(73) – и двајцата од Скопје, објави МВР. Несреќата се случила вчера на булеварот Свети Климет Охридски. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.М., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид.
Continue Reading
Се зголемува капитацијата за матичните лекари, гинекологија и стоматологија
Владата донесе одлука за зголемување на капитациониот бод за матичните доктори од општа медицина, гинекологија и стоматологија, почнувајќи од април 2025 година. Согласно оваа одлука, вредноста на капитациониот бод за општа медицина и гинекологија ќе се зголеми од 75 на 100 денари, додека за стоматологија од 61 на 75 денари, што претставува зголемување од 33, односно 23 проценти. Ова беше …
Continue Reading
(Видео) „На на на, еј збогум“ – Белата куќа критикувана поради видеото со миграцијата
Белата Куќа се најде на удар на критики по објавувањето на видеото на кое се гледа депортацијата на илегалните мигранти со текстот „На на на на, на на на на, еј еј, збогум“ во позадина. Видеото беше објавено вчера, а многу брзо предизвика бран негодувања на социјалните мрежи. Многу корисници го нарекоа дехуманизирање. Не е првпат администрацијата на Трамп да …
Continue Reading
Кина е бесна на Трамп: „Ова е злоставување“
Заканите и притисокот не се начин за справување со Кина, изјави портпаролот на нејзиното Министерство за надворешни работи, опишувајќи ги тарифите што и ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп како навредливи. Тарифите се „типичен унилатерализам и протекционизам, економска злоупотреба“, рече Лин Џијан за време на редовната прес-конференција. Тој додаде дека американските тарифи во име на реципроцитет всушност им служат на …
Continue Reading
Белингем буквално удри по ВАР опремата
Реал Мадрид, во саботата доживеа сензационален пораз од Валенсија (1:2) на домашен терен. На осум рунди до крајот на сезоната Реал има четири бода помалку од Барселона. Во понеделникот, јавноста во Шпанија не зборува за промашениот пенал на Винисиус во 13. минута, ниту пак голот на Уго Дуро од 95. минута со кој победи Валенсија. Социјалните мрежи го истакнуваат потегот …
Continue Reading
Меџити: Таравари треба да расчисти со дилемите, неприродно е и „Влен“ и соработка со ДУИ
Арбен Таравари треба да расчисти со дилемите, смета неговиот коалициски партнер, Изет Меџити. За односите меѓу нив, во рамки на коалицијата „Влен“, оценката на Меџити е дека тие се добри, а и двајцата комуницираат. Сепак, тројца од четворицата лидери на политичките партии кои ја сочинуваат „Влен“ се согласни дека треба да настапат заедно на локалните избори, но Таравари размислува поинаку. „Разговараме …
Continue Reading
Возел „ауди“ со 114 километри на час на место каде е дозволено 50 км на час: уапсен 18-годишен штипјанец
Вчера во 15.00 часот на улица „Железничка“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишиле од слобода 18-годишниот И.П. од Штип. При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „ауди“ со брзина од 114 километри на час на место каде што дозволената брзина е 50 километри на час. Против …
Continue Reading
Уапсен 19-годишник по сообраќајната несреќа во Скопско каде загина малолетничка
Вчера околу 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Патишка река – село Осинчани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.О.(19) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(29) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила …
Continue Reading
Идниот германски канцелар за падот на берзите: Драматично е, а може да биде и полошо
Фридрих Мерц, шефот на германската ЦДУ, кој се очекува да ја преземе функцијата германски канцелар, предупреди дека ситуацијата на светските пазари на акции и обврзници може дополнително да се влоши. „Пазарите се во драматична состојба што се заканува со понатамошна дестабилизација“, рече Мерц во изјава за Ројтерс. Тој нагласи дека сега „е поважно од кога било, Германија што побрзо да …
Continue Reading