Зеленски: За Украина во ЕУ треба да одлучи Европа, а не некој поединечен манипулатор

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес неколку пати им се заблагодари на Чесите и нивната влада за помошта што ѝ ја дадоа на неговата земја од почетокот на рускиот напад и за поддршката на напорите Украина да се приклучи кон Европската Унија, за што, како што рече, ќе одлучи Европа, а не поединец подготвен за манипулација. „Чешка го поддржува влезот …

Continue Reading

Тошковски-Сецуко: разменети иницијативи за продлабочување на соработката со Јапонија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна средна со Амбасадорката на Јапонија во земјава, Кавахара Сецуко. На средбата стана збор за одличните односи помеѓу двете земји, волјата за унапредување на соработката и на стратешко и на оперативно ниво, а се разменија и иницијативи за продлабочување на истата преку членување во разни меѓународни организации за полициска соработка. Двете страни …

Continue Reading

Актерката Снежана Коневски -Руси е добитник на наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп

По предлогот на НУ РСМ Македонски народен театар, наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“ за оваа 2025 година ѝ е доделена на Снежана Коневски-Руси (1952), актерка. Снежана Коневски-Руси, легенда на македонскиот театар, филм и култура, повеќе од пет децении е дел од театарскиот филмски репертоар во земјава. Нејзината актерска кариера низ децении тивко и непрекинато ниже широк дијапазон …

Continue Reading

Орбан: Трамп ја повикува Унгарија да ја напушти ЕУ

Неочекуваното појавување на унгарскиот премиер Виктор Орбан на состанокот организиран од неговата партија Фидес во градот Пишверсвар, околу педесет километри северно од Будимпешта, резултираше со разјаснување на одредени важни прашања за кои досега во јавноста циркулираа различни информации, пренесуваат медиумите во регионот. Според написите, во таа прилика, тој меѓу другото, признал дека американскиот претседател Доналд Трамп го повикал Унгарија да …

Continue Reading

Попов: Борбата за зачувување на македонскиот јазик не е завршена, тој е загрозен и внатре во самата држава

Аргументирано можеме да тврдиме дека официјализирањето на македонската азбука и на македонскиот стандарден јазик не е некаква “вештачка конструкција“, туку претставува логичен след на долговековниот просторен и временски континуитет на македонскиот јазик и неговите дијалекти на целата јазична територија, истакна претседателот на МАНУ, Живко Попов, по повод одбележувањето на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.   Според него, дијалектното …

Continue Reading

Вучиќ в среда им се враќа на работните обврски

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, ќе се врати на своите службени обврски од среда, дознава Б92.нет од Генералниот секретаријат на Претседателството. Според Б92.нет, за среда наутро се закажани средби со рускиот и британскиот амбасадор. Се очекува српскиот претседател да се обрати до нацијата во среда навечер. Вучиќ ја прекина посетата на САД поради болки во градите, по што се врати во …

Continue Reading

„Перото на Кочиќ“ за 2025 му е доделено на македонскиот поет Христо Петрески

Фондацијата „Петар Кочиќ“ Бања Лука – Белград ја додели престижната награда Перото на Кочиќ за 2025 година на македонскиот писател и поет Христо Петрески за книгата „Обратна (филозофија на полжавот)“, објавена во издавачката куќа „Македонија презент“ од Скопје. Одлуката за наградата била донесена едногласно од жирито во состав: Никола Вуколиќ (претседател), Миљенко Јерговиќ и Младен Весковиќ (членови), истакнувајќи дека збирката …

Continue Reading

Венгер: Не е во ред освојувачот на Лига Европа да оди во Лигата на шампионите

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, изјави дека не е во ред освојувачот на Лига Европа да обезбеди место во Лигата на шампионите. Манчестер Јунајтед и Тотенхем, по првите полуфинални натпревари се блиску до пласман во финалето во Билбао на 21 мај. За двата тима Лига Европа е единствената шанса наредната сезона да играат во Лигата на шампионите, бидејќи во …

Continue Reading

Кривична пријава против двајца поранешни вработени во МВР за злоупотреба на службената положба

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.Д. и В.В., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. БД., пензиониран работник, а во време на извршување на кривичното дело на работно место началник на Регионален центар …

Continue Reading