(Видео) Во угостителски објект во Прилеп фрлена бомба, СДСМ бара разрешување на началникот и командирот
Вчеравечер во угостителски објект во нашиот град беше фрлена бомба која, за среќа, не експлодирала. Точно 16 месеци одговорноста за безбедноста во државата е во рацете на ДПМНЕ и министерот Панче Тошковски, изјави Петра Лукароска, претседателка на ОО СДСМ Прилеп. „Во тој период во дневните полициски билтени беа регистрирани два инцидента со експлозивни направи, триесетина запалени автомобили, еден опожарен ноќен клуб …
Continue Reading
(Видео) Калевска-Ванчева: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи
После речиси една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Македонија е далеку од правна држава. Ниту има правда, ниту правна држава. Партизирани институции, селективна правда, отсуство на владеење на правото. Ова, почитувани е вистинското лице на Владата на ВМРО ДПМНЕ, која создава систем само по нивна мерка и нема однос спрема реалните општествени потреби, истакна Снежана Калевска-Ванчева, претседателка на …
Continue Reading
Муртезани со претставници на Европската агенција за дроги: нагласена потребата од зајакнување на капацитетите на националните институции
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска имаше средба со претставници на Европската агенција за дроги (EUDA), на која што се разговараше за продлабочување на институционалната соработка и усогласување со европските стандарди во борбата против трговијата со дрога. На средбата се разговараше за значењето на навремената размена на информации преку европскиот систем за рано предупредување, како и за улогата на …
Continue Reading
(Видео) Костовски: Без план и без резултати, за една година се распаѓа владата на ВМРО-ДПМНЕ
Неполна година по формирањето на Владата, големата лагата наречена „Горда Македонија“ се распаѓа пред очите на граѓаните. Ова е логична последица на она што граѓаните го трпат и чуствуваат, целосна нефункционалност на пазарџиска Влада која работи само за лични интереси, вели Мартин Костовски, организационен секретар на СДСМ. „Вчера на површина излезе вистината која ја говориме од првиот ден. ВМРО-ДПМНЕ е …
Continue Reading
Мицкоски најавува инвестициски бум од околу 2 милијарди евра: ќе се инвестира во здравството, енергетиката, а ќе се реконструира и модернизира железничкиот транспорт
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што предвидува Планот за инфраструктурен бум што беше најавен Македонија 2025, изјави: „Да, тоа ќе биде еден, би рекол инфраструктурен бум, ако можам така да го наречам. Ќе се модернизира и реконструира Коридорот 10, железничката пруга од Табановце до Гевгелија. Откако сето тоа ќе биде завршено …
Continue Reading
Едно лице тешко повредено во Аеродром, го нападнале поради недоразбирање во сообраќајот
Едно лице е тешко повредено во Аеродром, го нападнале неколку лица поради недоразбирање во сообраќајот. Според информациите во МВР, синоќа околу 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, Р.Ж.(56) од Скопје бил физички нападнат од неколку лица. Тој со тешки телесни повреди е пренесен во …
Continue Reading
Кривична пријава за мајка, го терала детето да питачи на Табановце
Полицијата поднесе кривична пријава за мајка која го терала детето да питачи на Табановце. Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против Д.Р.(22) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,запуштање и малтретирање на дете’’. Пријавената, од користољубие и со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, го запуштила детето и го наведувала …
Continue Reading
Мицкоски: Двојно е зголемен буџетот за науката, околу 680 милиони денари за научни трудови
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање дали Владата ќе ја поддржи науката и дали има план за тоа, појасни дека за Владата, науката е многу важна и е еден од столбовите на државноста, затоа за оваа година споредено со 2024 година за двојно е зголемен Буџетот за науката, и проектите коишто се дел од науката. „Да, …
Continue Reading
Судот ги одмрзнал паричните средства во случајот со РЕК Битола, Обвинителството бара нивно повторно замзрнување
Основното јавно обвинителство Битола вчера одново побара од Основниот суд во Битола да донесе одлука за определување привремена мерка – замрзнување на паричните средства во износ од околу 3 милиони евра од банкарска сметка на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги РУД-КОП увоз-извоз ДООЕЛ Битола, бидејќи постои основано сомнение дека парите се стекнати како незаконска корист од кривично …
Continue Reading