Божиновска: Владата е цврсто определена за зелена иднина
На денешната надзорна расправа во Собранието на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“ се обрати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Сања Божиновска. Божиновска објасни дека аерозагадувањето е комплексен предизвик и дека Министерството за енергетика, рударство и …
Continue Reading
Големата размена на затвореници меѓу Русија и Украина е успешно завршена, Трмп им честита
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп соопшти дека големата размена на затвореници меѓу Русија и Украина е успешно завршена. „Штотуку беше завршена голема размена на затвореници меѓу Русија и Украина. Им честитаме на двете страни за оваа преговарачка победа. Ова може да доведе до нешто големо“, порача Трамп на својот профил на социјалната мрежа „Тру Соушал“. Украина претходно и …
Continue Reading
Британската амбасада по договорот: Почнува нова ера во односите со Северна Македонија
Почнува нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија по потпишувањето на договорот „влада со влада“, велат од британската амбасада во Скопје. Во соопштението се вели дека партнерството ќе го зајакне трговијата и ќе поттикне економски раст. Ова партнерство ја поддржува реализацијата на клучни инфраструктурни проекти во различни сектори, вклучувајќи транспорт, здравство, енергија и технологија. Ќе има пристап …
Continue Reading
Промоција на новите паркинг карти на ЈП ПОЦ
Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје, вчера успешно реализираше информативна акција за промоција на новите паркинг карти во Дебар Маало, соопштија од таму. Во рамки на акцијата, како што информираат, на граѓаните им беа дистрибуирани флаери со информации за новите типови на паркинг-карти достапни во Општина Центар. „Станува збор за: Мулти-неделна паркинг-карта, со цена од 2000 …
Continue Reading
Лептоспироза во Сараево? Лекарите примиле десет пациенти со сомнителни симптоми
Инфективната клиника на Клиничкиот центар во Сараево во последните денови лекувала десет пациенти со симптоми што укажуваат на лептоспироза, пренесува Klix.ba од неофицијални извори. Првите случаи се регистрирани во сараевската општина Нови Град, каде што граѓаните почнале да се јавуваат кај лекарите со висока температура, силен замор и покачени воспалителни и хепатални параметри. Неофицијално, болеста се проширила во овој дел …
Continue Reading
Муцунски ја пречека Каја Калас: Ќе разговараме за недвосмислената европска перспектива
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски и’ посака добредојде на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Kaja Калас, во Скопје. „Пред нас е исполнета агенда со повеќе средби, на кои очекувам конструктивна и отворена дискусија. Во фокусот на разговорите ќе биде недвосмислената европска перспектива на нашата држава, целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на …
Continue Reading
Нова премиера во Битолскиот театар: „Чорбаџи Теодос“ во режија на Дамјан Димовски
Во Битолскиот театар се одржа прес конференција посветена на најновата премиера ,,Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски, во режија на Дамјан Димовски . „ Среќен сум што еден млад човек се зафати да работи театар со љубов. По 4-ти пат ова дело се поставува на сцената на Битолски театар. Првата поставка беше во 1946 година“, истакна на почетокот директорот Васко Мавровски. …
Continue Reading
(Видео) Мургашанска: Куманово чека правда за скандалите на Максим Димитриевски и шемите со профити од 350.000 евра
Правдата никако да стигне до нашиот град, Куманово. Тоа мора да се промени. Скандалите поврзани со работата на градоначалникот од ЗНАМ, Максим Димитриевски никако да добијат институционална разрешница, вели Атина Мургашанска, советничка од редовите на СДСМ, во Советот на општина Куманово. Станува збор, како што вели, за основани сомнежи кои мора до крај да бидат расчистени, сомнежи за судир на …
Continue Reading
Исплатени се над 100 милиони денари на 7.158 земјоделци
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека се исплатени 105.002.614,00 денари кон 7.158 лица. „Денеска се реализираше исплатата на подмерка 1.5 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4 за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година“, велат од Министерството. Корисници на …
Continue Reading