Во претреси во повеќе градови најдени оружје и муниција, има приведени

Полицијата изврши претреси во битолско, прилепско, крушевско и во Македонски Брод, пришто пронајдени се оружје и муниција, а приведени четири лица. На 23.05.2025, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп во с.Обршани, прилепско, го лишија од слобода Д.М.(41) од с.Обршани. при претрс во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се ловечка пушка и патрони различен калибар. На 23.05.2025 …

Continue Reading

(Видео) Манасков: ВМРО-ДПМНЕ ги изневери просветните работници

ВМРО-ДПМНЕ ги изневери просветните работници и учениците, ништо од ветеното не исполни, изјави на прес-конференција, Јованче Манасков, претседател на Комисијата за образование и наука на СДСМ. Од партијата по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители изразија благодарност до просветните работници и до сите оние кои секојдневно вложуваат целосна посветеност во воспитно-образовниот процес и во создавањето на идни професионалци во различните области …

Continue Reading

Нова авиолинија од Скопје до Ларнака во Кипар

Од 31 октомври ќе биде пуштена нова авиолинија од Скопје до Ларнака, Кипар, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил. „На пат кон Охрид за одбележувањето на празникот Св. Кирил и Методиј сакам да споделам информација за нова авиолинија Од 31.10.2025 почнува новата авиолинија Скопје – Ларнака Кипар! Ова е 11. нова линија за 10 …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова: Кирил и Методиј ни ја подарија не само глаголицата, туку со неа изградија силен сесловенски културен и цивилизациски темел

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. „Дозволете ми од срце да ви изразам искрени честитки по повод 24 Мај, денот кога го славиме споменот на Светите рамноапостоли Кирил и Методиј – сесловенски просветители, заштитници на Европа, браќа и учители. Овој ден е силен потсетник за трајната вредност на …

Continue Reading

Гаши со честитка по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, испрати честитка по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј. „Во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, упатувам искрени честитки до сите граѓани по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Овој празник нè потсетува на големината на мисијата …

Continue Reading

Чави сè уште не ја преболел Барселона

Поранешниот тренер на Барселона, Чави Ернандез, не планира да се врати на работа пред 2026 година. Чави го напушти „Камп Ноу“ во мај 2024 година по турбулентен период. Во својата прва сезона на клупата на Барселона, тој го освои шпанското првенство, а во последните месеци од неговиот мандат беше опкружен со негативна енергија и притисок. Шпанецот истакна дека има желба …

Continue Reading

СДСМ: Вистината излезе на виделина за Онкологија, ВМРО-ДПМНЕ да се извини за лагите за Филипче

Вистината излезе на виделина за Онкологија, а грозната лага на Мизрахи и ДПМНЕ, кои сакаа со криење документи да го прикажат Филипче како виновен, им пропадна во вода. Наместо да се повлечат и да се извинат за своите лаги и манипулации, тие продолжуваат безочно да лажат и обвинуваат, реагира СДСМ. „ДПМНЕ, освен манипулации и местенки, ништо друго не направи откако …

Continue Reading

Кривични за две лица поради кражба на цркви во Свети Николе

Полицијата поднесе кривична пријава против Д.К.(37) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и едно кривично дело лажно претставување по член 391 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека ги сторил кражбите во периодот од 11.05.2025 до 15.05.2025 во цркви на подрачјето на Свети Николе, а при една лажно се …

Continue Reading

Гарначо е лут, сака да го напушти „Олд Трафорд“

Ремонт го очекува Манчестер јунајтед во летниот преоден рок. Англиските медиуми тврдат дека сите играчи, со исклучок на Буно Фернандеш се на продажба. Има и незадоволни кои најавија заминување. Алехандро Гарначо, крилниот напаѓач, беше исклучително лут по поразот на Јунајтед од Тотенхем во финалето на Лига Европа, бидејќи одигра само 20 минути. Токму ова е причината зошто Гарнасио сака да …

Continue Reading