Штипјанка нападната од партнерот на бензинска, жена од Свети Николе во домот – насилство во источниот дел од земјата
Две жени од Штип и Свети Николе во текот на вчерашниот ден биле нападнати. Едната од момчето, а втората од поранешниот сопруг. Од МВР информираа дека во Штип нападната е 33-годишна жена на бензиска пумпа во градот, од страна на нејзиниот партнер Е.Ј.(34) од селото Конче. Во случајот во Свети Николе, приведен е Д.М.(68) кој ја нападнал неговата 56-годишна поранешна сопруга и …
Continue Reading
Локомотива удри во скопјанец кај Хиподром, пренесен во болница со тешки повреди
Локомотива во сопственост на Македонски железници, синоќа оп полноќ удри во 55-годишниот пешак С.Л. од Скопје. Несреќата се случила на железничкиот премин Хиподром, а пешакот е тешко повреден, соопшти МВР. Пренесен е на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и извршен е увид на местото на несреќата.
Continue Reading
Во среда врачување на наградата „Роман на годината“ на Калина Малеска
Во среда (28 мај), со почеток во 20 часот, во просторот на бифето на Драмскиот театар во Скопје ќе се одржи свеченото врачување на наградата „Роман на годината“ за 2024 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културата „Славко Јаневски“. Годинашен лауреат е романот „Светот што го избрав“ („Или-или“) од Калина Малеска, а оваа одлука ја донесе …
Continue Reading
(Видео) СДСМ обвинува: Со сомнителен тендер од 4 милиони евра ќе се шијат униформи во МВР, едната од фирмите регистрирана 20 дена пред тендерот
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвини дека во Министрството за внатрешни работи бил распишан сомнителен тендер во вредност од речиси 4 милиони евра. Портпаролката, Богданка Кузеска, вели дека се работи за договори од милионски износи кои им се доделени на фирми без никакви капацитети, без претходно релевантно искуство, па дури и без никаква историја на јавни набавки. Една од двете фирми, според …
Continue Reading
Затвореници од Идризово барале 1.200 евра месечно од мајка на осуденик за да не и’ го малтретираат синот, и’ испраќале и насилни видеа
Скопјани од Идризово уценувале мајка на затвореник да им даде пари за да и’ го штитат синот. МВР за случајот извести дека е поднесена кривична пријава притив двајцата, А.Б.(31) и А.Р.(25), поради изнуда и лихварство. Тие, додека ја издржувале казната во затворот, незаконски дошле до телефони и преку „месинџер“ барале од мајката на друг осуденик да им исплаќа по 1.200 евра …
Continue Reading
Приведен тетовец кој нападнал полицајци, во неговиот дом најдена дрога
Полицијата изврши претрес во домот и помошните простории кај Б.С.(35) од селото Слатино, тетовско. Тој претходниот ден околу 23.50 часот бил приведен на локалниот пат Џепчиште-Варвара поради напад врз полициски службеници кои вршеле службени дејствија. При претресот се пронајдени и одземени две дигитални ваги и пет кесички со бела прашкаста материја, соопшти МВР. По документирање на случајот, ќе биде поднесена …
Continue Reading
Украина: Најмалку 12 загинати во руските напади со дрон, САД да извршат притисок
Најмалку 12 лица загинаа, а 60 се повредени во напади со руски беспилотни летала и ракети низ Украина, соопштија регионалните власти и службите за итни случаи. Државната служба за вонредни состојби наведува дека меѓу загинатите има три деца во Житомир и еден маж на околу седумдесет години во јужниот град Миколаев. Зеленски ги повика САД да извршат притисок врз Русија. …
Continue Reading
Три лица од кои две потешко повредени во сообраќајна несреќа во Охрид
Вчера на улицата Живко Чинго во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.М.(49) од Охрид и патничко возило „волво“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(66) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле А.М. и нејзиниот сопатник Т.М.(41) од Охрид, додека со телесни повреди се здобил Д.Г., …
Continue Reading
Млад кавадарчанец турнал пензионерка за да и’ ја украде чантата со 50 евра и „моторола“, тешко е повредена
Деветнаесетгодишник од Кавадарци е приведен оти турнал жена и тешко ја повредил за да ја ограби. Нападот, според информацијата на полицијата, се случил синоќа околу 21 часот на улицата Благој Крстиќ. Оштетената е 75-годишната В.А. од Кавадарци. Таа на сила била турната во влезот од зградата, и и’ била грабната чантата во која носела 3.000 денари и мобилен телефон „моторола“. …
Continue Reading