Мицкоски со благодарност до Фондацијата Конрад Аденауер: Партнерството и соработката продолжуваат
Денес сме собрани за да одбележиме едно партнерство и сме овде за да изразиме благодарност. Да го признаеме придонесот на еден сојузник, на една визија, на една вредносна платформа што стана дел од нашата современа историја и пат. Фондацијата Конрад Аденауер, именувана по еден од најголемите европски државници на 20. век, е амбасадор на демократската идеја. Таа е сведоштво дека …
Continue Reading
Приведен криминалец од Арачиново баран со потерница
Полицијата денеска уапси жител на Арачиново, скопско, кој бил баран со потерница. Според информациите на МВР, околу 13.35 часот во село Арачиново, по претходно преземени оперативно тактички мерки, од страна на полициски службеници е лишен од слобода Ј.Б. (28) од с. Арачиново, кој бил баран со централна потерница. Уапсниот е предаден на КПУ „Затвор Скопје”.
Continue Reading
Трамп: Одлуката за воведување царини од 50 отсто за ЕУ даде успех
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека неговата одлука да воведе царина од 50 проценти врз Европската Унија била успех, тврдејќи дека тоа го поттикнало блокот да ги забрза преговорите, објави „Политико“. „Исклучително сум задоволен од одредбата за царина од 50% за Европската Унија, особено затоа што тие ги одложуваат (благо речено!) нашите преговори со нив“, напиша Трамп на социјалната мрежа …
Continue Reading
Кенеди Џуниор: Вакцините против коронавирус повеќе не се препорачуваат за здрави деца и бремени жени
Американскиот секретар за здравство, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, објави дека вакцините против коронавирус повеќе не се препорачуваат за здрави деца и бремени жени. Во видео објавено на социјалната мрежа X, Кенеди рече дека ја отстранил препораката од Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) за вакцинирање на здрави деца и бремени жени против коронавирусот. Американските здравствени службеници, следејќи ги …
Continue Reading
Ватикан повторно нуди да биде домаќин на украинско-руските преговори
Ватикан ја повтори својата понуда да биде домаќин на мировни преговори меѓу Русија и Украина, откако Русија веќе ја отфрли понудата на папата Лав XIV минатиот петок. Минатиот петок, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја отфрли идејата Ватикан да биде следната локација за разговорите, велејќи дека е непријатно за самата Света столица да биде домаќин на земји со …
Continue Reading
Арсовска: „Храбриот“ Меџити наместо да дојде во Чаир заедно со неговата „принцеза на дивоградбите“, промовира туѓи проекти
Изет Меџити наместо да дојде во Чаир, таму каде што е најповикан заедно со неговата „принцеза на дивоградбите“, тој се исмева со граѓаните додека промовира туѓи проекти, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по промоцијата на електричните автомобили. Арсовска вели дека проектот за споделување на автомобили е проект започнат во соработка со приватна компанија и претпријатијата на градот Скопје. „’Храбриот’ …
Continue Reading
Почва од Фукушима ќе заврши во цветна градина пред канцеларијата на премиерот
Јапонија објави дека планира да искористи дел од почвата отстранета од близина на нуклеарната централа Фукушима Даичи во цветните леи пред канцеларијата на премиерот Шигеру Ишиба. Целта е да се покаже дека радиоактивната почва е безбедна за повторна употреба. Почвата беше отстранета како дел од работата за деконтаминација по нуклеарната катастрофа во 2011 година и оттогаш е во привремено складирање. …
Continue Reading
Меси и Суарез основаа нов клуб
Дуото на Интер Мајами, Лионел Меси и Луис Суарез, се одлучија за ново фудбалско поглавје. Решија да основаат нов клуб. Новиот клуб е од Уругвај, поточно од Сиудад де ла Коста и се вика Депортиво ЛСМ. Клубот ќе започне да се натпреварува во Четвртата лига во Уругвај. Клубот е создаден од Депортиво ЛС, кој беше независно основан од Луис Суарез …
Continue Reading
Трамп: Путин не сфаќа дека ако не бев јас, многу лоши работи ќе ѝ се случеа на Русија
Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно го критикуваше рускиот претседател, Владимир Путин. „Она што Владимир Путин не го сфаќа е дека ако не бев јас, многу лоши работи веќе ќе ѝ се случеа на Русија, мислам навистина лоши. Тој си игра со оган“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social. Ставовите на Трамп кон Путин се менуваа од почетокот на неговиот …
Continue Reading