Зеленски предлага прекин на огнот до средба со Путин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес предложи прекин на огнот до евентуална средба со рускиот претседател Владимир Путин. „Мојот предлог, и сигурен сум дека нашите партнери можат да го поддржат, е да им се предложи прекин на огнот на Русите до средбата на лидерите“, рече Зеленски во Киев, објави Ројтерс. Зеленски рече дека продолжувањето на руско-украинските преговори во Истанбул со сегашните …
Continue Reading
Мухамед Елмази до Арсовска: Ќе барате ли од вашите партнери да се откажат од бесправните објекти, ќе побарате ли и тука дигалка или ќе свртите глава
Мухамед Елмази од „Влен“ на прес-конференција денеска, упати неколку прашања до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. „Денес сме тука да поставуваме неколку прашања за госпоѓата Арсовска. Госпоѓа Арсовска дали знаете кој е сопственик на оваа зграда? Дали објектот е де факто на вашите коалициони партнери во Градот и во бизнисот? На какво земјиште е изграден, на државно или приватно? …
Continue Reading
(Видео) Белата куќа го нападна Би-би-си поради прилог за Газа; Би-би-си: Ние стоиме зад нашето новинарство
„Би-би-си Тудеј“ ги отфрли како „целосно погрешни“ критиките од Белата куќа дека британскиот државен медиум ги цитирал тврдењата на Хамас во своето известување за војната во Газа и инцидентот што се случи во неделата, и повлече една од своите стории. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, претходно остро го обвини Би-би-си дека „ги зема изјавите на Хамас како апсолутна вистина“ …
Continue Reading
Арсовска до Мухамед Елмази: Дали си ти криминалец од ДУИ или од ВЛЕН?
„Таман мислиш не може да демонстрираат поголем очај за криминалот во кој се фатени, тие наоѓаат нов првенец од ДУИ! Мухамед Елмази беше член на Совет на град Скопје во овој мандат и истакнат член на ДУИ до септември 2024 година, кога претрпе магична трансформација и стана ВЛЕН за да го постават директор на државното НОМАГАС“, напиша градоначалничката на Град …
Continue Reading
НАТО ќе одржи вежби во Балтичкото Море; Русија: Се подготвуваат за воен конфликт со нас
Русија денес ја критикуваше двонеделната поморска вежба на НАТО во Балтичкото Море еден ден пред нејзиниот почеток, нарекувајќи ја „провокативна“. Заменик-министерот за надворешни работи Александар Грушко ја обвини Западната алијанса дека се подготвува за конфликт со Русија со својата годишна вежба БАЛТОПС. „Станува збор за демонстрирање на супериорност во сите области: на копно, на море и во воздух“, рече тој. …
Continue Reading
Тајван одбележува годишнина од масакрот на плоштадот Тјенанмен во 1989 година
Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, денес ја одбележа 36-годишнината од масакрот на плоштадот Тјенанмен со комеморација, повикувајќи ги демократиите да ја зачуваат историјата избришана од авторитарните режими. „Денес им оддаваме почит на сите оние што маршираа за слобода на плоштадот Тјенанмен“, напиша Лаи на социјалните мрежи, потврдувајќи ја посветеноста на Тајван на демократијата и човековите права. Бдеење со свеќи беше …
Continue Reading
Македонскиот народен театар вечерва ја изведува „Народен пратеник“ во Народно позориште – Белград
129 години по праизведбата на „Народен пратеник“ и 101 година од неговото прво печатено издание, „Народен пратеник“ на Македонски народен театар вечерва игра во Народно позориште – Белград. Оваа прва комедија на Бранислав Нушиќ, во изведба на моќна актерска екипа и режисерски конципирана од страна на Егон Савин, по впечатливата и одлично забележана изведба на реномираниот фестивал и добиената специјална …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Република Кореја, Ким Донгбае
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Кореја со седиште во Софија, Ким Донгбае. Посакувајќи му добредојде на амбасадорот Донгбае, таа изрази задоволство од пријателските односи и од конструктивната соработка меѓу двете држави, по воспоставувањето на дипломатските односи во 2019 година. Оцени дека постои волја и посветеност за искористување на потенцијалите и интензивирање на соработката …
Continue Reading
Поранешен директор на ЦИА: Опасно се приближуваме до црвената нуклеарна линија на Русија
Украина го изврши својот најобемен и најдалекусежен напад со беспилотни летала на руска територија од почетокот на инвазијата во 2022 година, на 1 јуни. Целите беа четири руски воени воздухопловни бази, вклучувајќи ја и онаа во Иркутск во Сибир, оддалечена 4.800 километри од Киев. Нападот беше со кодно име „Пајажина“. Украинската страна тврди дека во операцијата биле користени 117 беспилотни …
Continue Reading