Комо не го пушта Фабрегас, Интер преговара со Киву

Сеск Фабрегас, сепак нема да стане тренер на Интер. Италијанските медиуми објавија дека газдата на Комо, Мирван Сурвасо, ги информирал челниците на Интер дека, воопшто не ја разгледувал опцијата да го пушти Фабрегас во друг клуб, ниту пак му дозволил на Шпанецот да преговара. Индонезискиот бизнисмен категорчно потврдил дека Фабрегас ќе остане во клубот следната сезона. „Директно му го соопштивме …

Continue Reading

За 30 години, УСАИД во државава инвестирала 900 милиони долари

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари проштална средба со Џери Дибл, претставничка на УСАИД во државава на која присуствуваше и амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер. Заблагодарувајќи ѝ се на Дибл за посветениот ангажман и придонесот во унапредувањето на односите и соработката меѓу двете пријателски земји, претседателката истакна дека различните американски програми и проекти за соработка, оставија видлив белег во земјава. …

Continue Reading

Киро Урдин со самостојна изложба во Брисел

Киро Урдин, основач на уметничкото движење Планетаризам, отвори своја самостојна изложба на слики и цртежи „80 години – 80 дела“ во ММ Галерија во Брисел. Награден со највисоката награда „Уметник на светот“ на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО „Скопје 2024“ и изложуван во Националната галерија на Р.С.Македонија, Киро Урдин се враќа од Токио, Њујорк, Детроит и Мексико Сити, од неговата изложба на меѓународниот …

Continue Reading

Казнети 107 возачи за затемнети стакла и користење на т.н. флешери

Во периодот од 01 до 31 мај, Секторот за сообраќајни работи на територијата на Македонија казни 107 возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. „При контролата санкционирани се 107 учесници во сообраќајот, од кои 106 …

Continue Reading

ПРЕКИНАТ ВРЕМЕНИОТ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ ОЕМУЦ “СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ”

Се информираат граѓаните на Општина Охрид и учесниците во сообраќајот дека од денес се прекинува времениот сообраќаен режим на кружниот тек помеѓу улиците  „Железничка“,  „15- Корпус“, „7-ми Ноември“ и „Ристо Чадо“ во близина на ОЕМУЦ  “Св. Наум Охридски“. Поради тековното изведување на градежните работи за реконструкција на кружниот тек се упатува апел до пешаците и возачите да се движат внимателно. …

Continue Reading

За патувањето во Јапонија се потрошени 3.485.080 денари за билети, сместување и дневници, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Во интерес на јавноста најостро реагираме на целосно шпекулативните информации и невистинити тврдења дека министерот за култура Зоран Љутков потрошил над 50.000 евра за патувања. Потенцираме, потрошените средства за Јапонија кои се споменуваат изнесуваат точно 3.485.080 денари и не се искористени за бројна делегација од Министерството за култура и туризам како што СДС сакаат да прикажат туку наменети се исклучиво …

Continue Reading

Ѓорѓиевски на Генералното собрание на ЗЕЛС: Постигнавме видлив напредок, ја зајакнавме улогата на општините

Денес се одржа последната седница на Генералното собрание на ЗЕЛС во актуелниот состав, пред претстојните локални избори. На седницата, свое обраќање имаше претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, кој направи осврт на сработеното во изминатиот период и упати благодарност до сите делегати за досегашната соработка. Во своето излагање, посочи дека изминатата година беше особено продуктивна. Како клучни постигнувања ги истакна потпишувањето …

Continue Reading

Тошковски: Проектот „БорПрес2“ е чекор напред кон воспоставување на граничниот премин Маркова нога – Лемос

Денеска во Лемос, Општина Преспа – Грција, во присуство на министрите за внатрешни работи на Македонија и Грција, Панче Тошковски и Теодорот Ливаниос, амбасадорот на ЕУ во земјава Михалис Рокас, претставници на локалните самоуправи, се одржа настанот „Гранична станица Преспанско Езеро: Воспоставување на граничен премин меѓу Грција и Република Северна Македонија на областа Преспанско Езеро“. Со тоа се означи започнување …

Continue Reading

Оддадена почит на загинатите бранители кај Гајре

Денес се навршуваат 24 години од смртта на хероите Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски, воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот корпус во конфликтот од 2001 година. Пред споменикот на загинатите бранители „Ангел“ кај Саат кулата и споменикот кај поранешната касарна „Стив Наумов“, им беше оддадена почит на прерано загинатите бранители. Свежо цвеќе положија заменик …

Continue Reading