Таксист на странец му наплатил 7.800 денари за возење од Центар до Средно Водно

Вчера во 20.40 часот во СВР Скопје, Б.Ф.П.Х.(43) од Швајцарија пријавил дека додека се возел во такси возило на релација од Центар до Средно Водно, бил измамен од возачот, кој за услугата му наплатил 7.800 денари, а откако пријавителот сфатил дека бил измамен, таксистот се однесувал агресивно кон него и со возилото го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки …

Continue Reading

Кривични пријави за незаконски изведена реконструкција на покривот на училиште во Богданци

Министерството за внатрешни работи соопшти дека СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднеле кривични пријави против пет лица и едно правно лице од Скопје, поради незаконски изведена реконструкција на покривот на Основното училиште „Петар Мусев“ во Богданци. Според пријавата, со непочитување на законските прописи за градежна безбедност, била загрозена безбедноста на учениците и вработените, а предизвикана е и значителна материјална штета …

Continue Reading

Русија и предаде на Украина уште 1.200 тела на украински војници убиени во војната

Русија денеска и предаде на Украина уште 1.200 тела на украински војници убиени во војната, објавија руските новински агенции ТАСС и РИА. Ова е четврто во серијата предавања на останки на загинати војници во изминатата недела, во согласност со договорот постигнат меѓу Русија и Украина на разговорите во Истанбул претходно овој месец. За време на разговорите во Истанбул на почетокот …

Continue Reading

Москва нападна рафинерија за гориво на украинската армија

Руските вооружени сили ноќеска ја нападнале нафтената рафинерија во украинскиот град Кременчук, која, според Москва, снабдува гориво за украинските сили во Донбас. Според соопштението од руското Министерство за одбрана нападот бил изведен со ракети и дронови, и бил успешен. Москва тврди дека нејзините сили презеле контрола врз селото Малиновка и навлегле длабоко во Сумската област, каде, како што велат, украинската …

Continue Reading

Шест возачи се лишени од слобода поради безобѕирно управување со моторно возило

Во текот на изминатиот викенд, шест возачи се лишени од слобода поради безобѕирно управување со моторно возило, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. Најголем дел од случаите се однесуваат на возење под дејство на алкохол. Во Прилеп на улицата „Пеце Котески“, полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле М.С. од Скопје, кој управувал товарно возило „Ивеко“. При контрола било утврдено …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за напуштање на Израел и враќање во Македонија

Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во Македонија. Станува збор за државјани на Македонија, како и членови на нивните потесни семејства, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Оттаму додаваат дека во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира …

Continue Reading

За една недела во Скопје ќе се слави шестата Парада на гордоста

Под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“, на 21 јуни во Скопје ќе се одржи шестата Парада на гордоста, со фокус на заедништвото, отпорот и борбата за човекови права. Организаторите најавија дека годинашниот настан ќе биде протест, а не прослава, поради зголемениот говор на омраза, институционалното молчење и назадувањето на правата на ЛГБТИ+ заедницата. Настанот ќе започне во 18 часот во Паркот …

Continue Reading

Се нуди награда од 50.000 долари за осомничен за двојно убиство во Минесота

Американските власти во Минесота и натаму трагаат по 57-годишниот Венс Лутер Бетлер, осомничен за убиство на демократската пратеничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, како и за ранување на сенаторот Џон Хофман и неговата сопруга. Државното Биро за кривични дела на Минесота објави дека Бетлер е висок 195 см, тежи околу 100 килограми, има кафеава коса и очи, и последен пат …

Continue Reading
Амбасадорот од Јапонија не е повлечен оти сексуално вознемирувал колешки, уверува МНР

Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран

Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Македонија кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт со надлежните институции преку дежурните (СОС) телефонски броеви. Воедно, како што стои во соопштението на Министерството, се апелира до сите …

Continue Reading