Средба Мисајловски – лорд Коукер: Не поврзуваат заеднички вредности и цели – мирен и безбеден регион и силна Алијанса

Денешната работна посета на министерот за одбрана Владо Мисајловски на Обединетото Кралство беше заокружена со средбата со лорд Вернон Коукер, државен министер (министер за домот на лордовите) во Министерството за одбрана на Обединетото Кралство. Министерот Мисајловски и лордот Коукер разменија мислења за развојот на одбранбената соработка помеѓу двете сојузнички земји, како и безбедносната состојба во регионот, Европа и светот при …

Continue Reading

Сириската влада: Израелските напади се „криминални и нелегални“

Сириската влада ги осуди израелските воени акции на југот од земјата, нарекувајќи ги „криминално и нелегално однесување“. Соопштението дојде неколку часа пред најновите напади, додека официјален одговор на тековните воздушни напади сè уште не е пристигнат. Во соопштението од претседателството се вели дека судирите меѓу милициите на Друзите и бедуинските групи се „неприфатливи под никакви околности“ и „спротивни на нашите …

Continue Reading

Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство – фокус на економската соработка, инвестициите и инфраструктурните проекти

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денеска престојува во работна посета на Лондон. Во рамки на посетата, заедно со министерот за одбрана, Владо Мисајловски, оствари средба со парламентарниот државен потсекретар и министер за услуги, мали бизниси и извоз во Министерството за бизнис и трговија на Обединетото Кралство, Гарет Томас. На средбата се разговараше за потенцијалите за …

Continue Reading

(Видео) Израелскиот министер за одбрана ѝ порача на Сирија: Нема веќе предупредувања, доаѓаат болни удари

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес објави дека „предупредувањата во Дамаск се завршени“ и најави „болни удари“ врз сирискиот режим, откако израелските сили извршија воздушни напади врз зградата на Министерството за одбрана и областа околу претседателската палата во Дамаск. „Предупредувањата во Дамаск завршија – сега доаѓаат болните удари“, рече Кац, најавувајќи дека израелската војска ќе продолжи решително да дејствува …

Continue Reading

(Видео) Израелската војска потврди напад во близина на претседателската палата во Дамаск

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека утрово нападнале „воена цел во областа на претседателската палата на сирискиот режим во Дамаск“. Тие, исто така, потврдија дека била погодена и зградата на сириското Министерство за одбрана, исто така сместена во главниот град. ИДФ објави и снимки од денешниот напад врз сириското Министерство за одбрана во Дамаск. ❗️Attack on Syrian Defense Ministry building …

Continue Reading

Медицинско лице е затекнато при примање поткуп во битолска болница: најостра осуда од Министерството за здравство

Министерството за здравство најостро го осудува секој облик на коруптивно однесување во здравствениот систем. Во врска со случајот во ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, каде што денес медицинско лице е затекнато при примање поткуп, Министерството веднаш иницира постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, согласно законските процедури. „Реакцијата на Министерството е брза, принципиелна и недвосмислена, ставена во насока …

Continue Reading

Министерството за енергетика го поздрави стартот на најголемиот ветерен парк во Македонија: Силен сигнал за стабилни инвестиции и зелена транзиција

Министерството за енергетика со задоволство ја поздравува денешната официјална промоција на почетокот на изградбата на ветерниот парк кај Штип, поддржан со инвестиција од 500 милиони долари од страна на „Алказар енерџи партнерс“. Со 55 ветерници на површина од 326 хектари, со капацитет да снабдува околу 100.000 домаќинства – проектот е најголемата регионална инвестиција во обновливи извори на енергија во Западен …

Continue Reading

(Видео) Драматична ескалација во Сирија, експлозии во главниот град; Израел: Ќе удриме посилно

Ситуацијата во Сирија дополнително ескалираше во последните два дена. Експлозии се пријавени во центарот на главниот град Дамаск, додека Израел ги засили воздушните напади и распореди дополнителни сили по границата. Овие настани кулминираат по вооружените судири во јужниот регион Свеида. Израелските сили денес извршија воздушни напади врз зградата на Министерството за одбрана во Дамаск. Сириските власти објавија неколку мртви и …

Continue Reading

Јаневска им додели награди на учениците со најдобри есеи по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик

Шест основци и средношколци победија со своите есеи во исто толку категории во рамки на конкурсот по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик. Конкурсот го објави Министерството за образование и наука на 5 мај, кога и се одбележува Денот на македонскиот јазик и на истиот пристигнаа над 320 апликации од ученици од четврто одделение во основното образование …

Continue Reading