Што стои зад историскиот воен сојуз меѓу Германија и Велика Британија?

Во Музејот „Викторија и Алберт“ во Лондон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер го потпишаа таканаречениот договор за пријателство: 27 страници кои не само што треба да го потврдат, туку и да го прошират германско-британското партнерство. Целта на договорот е двете земји „да бидат водени од желбата, во светлината на фундаменталните промени во геополитичката средина, да ги …

Continue Reading

Фаталната Бразилка позира топлес: фотографијата го украде целото внимание

Познатата манекенка Алесандра Амброзио веќе долго време ужива во љубовниот живот со Бака Палмер. Двојката отпатува на Ибица, каде што веќе се објавени интересни фотографии од нив, а сега убавата Бразилка се потруди да ја загрее атмосферата. Таа сака да споделува моменти од приватниот живот на социјалните мрежи, па неодамна објави неколку фотографии од сончање, а една фотографија го украде …

Continue Reading

(Видео) Мишел и Барак Обама застанаа заедно пред камерите: „Ме прими назад“

Поранешната претседателска двојка на САД, Барак и Мишел Обама, решија на хумористичен начин да стават крај на постојаните гласини за проблеми во нивниот брак. Гостувајќи во нејзиниот подкаст, Барак се пошегува за гласините за развод и низ смеа рече: „Ме прими назад!“ Во опуштената атмосфера на најновата епизода од подкастот IMO, кој Мишел го води со својот брат Крег Робинсон, …

Continue Reading

Светската рекордерка во маратон привремено суспендирана поради допинг

Кениската атлетичарка Рут Чепнгетич, светска рекордерка во женскиот маратон, е привремено суспендирана поради позитивен допинг тест, соопшти Единицата за интегритет во атлетиката (AIU). Чепнгетич во март била позитивна на забранет диуретик и супстанца која се користи за прикривање на употреба на допинг. AIU наведува дека спортистката доброволно прифатила привремена суспензија додека трае истрагата за случајот. Кениската атлетичарка го постави светскиот …

Continue Reading

Со украдена пушка пукал кон деца и се обидел да застрела полицајци – во Василево уапсен 29-годишник

Битолската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишниот Г.П. од селото Ангелци, општина Василево, кој се обид зсомничи за две кривични дела „убиство во обид“, три „тешки кражби“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје“. Според полицијата, во периодот од 2 до 7 јули годинава, Г.П. извршил низа кражби во викенд куќи во битолско – влегол во два објекти во …

Continue Reading

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, двајца уапсени

Вчера во 17 часот во Кичево, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево ги лишиле од слобода 30-годишниот Е.П. и 60-годишниот А.П. од Кичево. При претрес во нивниот дом, извршен по наредба од Основен суд Кичево, во куќата биле пронајдени и одземени една ќесичка со бела прашкаста материја и вага. Додека, во шахта пред домот биле пронајдени и …

Continue Reading

(Видео) Груевски: НБРМ ја слушна ЛДП и ги намали трошоците на банките, на ред се банките да ги намалат трошоците кон граѓаните

Конструктивниот предлог и притисокот на Либерално-демократската партија вроди со плод, велат од партијата. Потпретседателот на ЛДП, Валентин Груевски во изјава за медиумите посочи дека Гувернерот на Народната банка ја слушна и ја поддржа иницијативата на ЛДП за намалување на банкарските провизии и донесе одлука за намалување на трошоците на банките кон НБРМ. Сега на ред се банките да го следат …

Continue Reading

Судски реформи, транспарентност и независност: британска поддршка за јакнење на обвинителството во Македонија

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски заедно со неколкумина јавни обвинители вчера одржаа работен состанок со тим од Програмата за јакнење на демократијата во Западен Балкан и британската Амбасада во Скопје, предводени од Ник Хокинс, тим лидер и поранешен Крунски јавен обвинител на Обединетото Кралство и експертот Калум Кокс, долгогодишен адвокат, судија и јавен обвинител во Велика Британија. На состанокот беа разгледани …

Continue Reading

ДОМ повика зелената транзиција да биде составен дел од стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

По повод посетата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на Обединетото Кралство и потпишувањето на Заедничката декларација за стратешко партнерство, Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја поздравува продлабочената соработка меѓу двете земји, особено во делот на економијата, безбедноста и борбата против корупцијата. Истовремено, Зелената партија ДОМ упатува јавно барање до Владата финансиската рамка од 6 милијарди …

Continue Reading