Сестрата на Ким го отфрла дијалогот со Сеул: „Ако се надеваат дека ќе ја свртат ситуацијата со неколку слатки зборови, нема полоша грешка од тоа“

Пјонгјанг „нема причина“ да го продолжи дипломатскиот дијалог со Сеул, изјави денес сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, и покрај изразената желба на новиот јужнокорејски претседател Ли Џе Мјунг да ја смири ситуацијата, објави севернокорејската агенција КЦНА. „Уште еднаш, го разјаснуваме официјалниот став, а тоа е дека без оглед на политиката што ја усвојува Сеул или каков предлог е даден, …

Continue Reading

Од септември ќе се наплаќа паркирањето во Реонски и во Ново Лисиче, ЈП „Градски паркинг“ подготвен за бележење на зоните

Најдоцна од крајот на септември паркирањето ќе се наплаќа и во Реонски центар и во Ново Лисиче, каде сега паркирањето е бесплатно. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, вели дека за да почне наплата се чека одобрување на проектот. „Зонското паркирање го управува и менаџира ЈП Градски паркинг – Скопје меѓутоа во координација сме со нив. Зонското паркирање во Реонски …

Continue Reading

Изминатиов викенд 1.148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава

Во деновите од изминатиот викенд (26./27.07.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1148 издадени платни налози 128 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, а пак кај 115 возачи при извршен алкотест било утврдено недозволено количество алкохол …

Continue Reading

(Видео) Неидентификуван дрон влезе во воздушниот простор на Литванија

Неидентификуван дрон влезе во литванскиот воздушен простор утрово, најверојатно од правец на Белорусија, објави литванската јавна телевизија ЛРТ. „Според добиените извештаи, дронот е забележан на висина од околу 200 метри и последен пат е виден во близина на Вилнус. Не е јасно за каков дрон станува збор, ќе ги ажурираме информациите“, изјави Дариус Бута, претставник на литванскиот Национален центар за …

Continue Reading

Гутереш: Гладот никогаш не смее да се користи како воено оружје

Гладот никогаш не смее да се користи како воено оружје, изјави денес генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, алудирајќи конкретно на тековните конфликти во Појасот Газа и Судан. „Конфликтите продолжуваат да шират глад во Појасот Газа, Судан и пошироко. Гладот ја поттикнува нестабилноста и го поткопува мирот“, рече Антонио Гутереш за време на видеоконференција на Самитот на ОН за …

Continue Reading

(Видео) Силно невреме во Романија: има загинати, стотици евакуирани

Силна бура проследена со ненадејни поплави ја погоди Романија, каде што две лица загинаа во последните 24 часа, а стотици се евакуирани од своите домови, јавуваат романските медиуми. Еден човек загина во планинскиот регион Буковина кога дрво падна врз него. 50-годишниот спортист од Букурешт учествуваше во трка од 88 километри со пријатели. Тој беше на околу 20 километри од целта …

Continue Reading

Дијаз во Баерн за пет пати поголема плата

Колумбискиот напаѓач Луис Дијаз официјално ќе го засили Баерн во наредните денови. Дијаз во текот на денот ќе слета во Минхен, каде што ќе се сретне со челниците на клубот, а медицинските прегледи се планирани за вторник. Потоа ќе следи официјализирање на трансферот вреден 75.000.000 евра со бонуси. Дел од германските медиуми, во меѓувреме го објавија и финансискиот дел од …

Continue Reading

Патот Струмица – Ново Село затворен за товарни возила

Патот Струмица – Ново Село е затворен за товарни возила, а за другите возила се пренасочува, информира АМСМ. „Сообраќајот на регионалниот пат Струмица – ГП Ново село е затворен за товарни возила, а за другите возила се пронасочува“, пишува во информацијата.

Continue Reading

Ле Пен: Договорот со Трамп е фијаско за ЕУ

Француската политичарка Марин Ле Пен го нарече трговскиот договор постигнат од претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен „политичко, економско и морално фијаско“. Во објава на социјалната мрежа „X“, Ле Пен појасни дека го смета за политичко фијаско затоа што „Европската унија, со своите 27 земји-членки, доби полоши услови од Обединетото …

Continue Reading