Емили Ратајковски официјално се разведе од 10 години постариот актер
По речиси три години од почетокот на разводот, манекенката Емили Ратајковски (34) и актерот Себастијан Бер-Меклард (44) сега се официјално разведени, открива DailyMail. Според судските документи, одлуката за развод е донесена на 22 јули во Врховниот суд на Њујорк, со што Емили и Себастијан се законски разведени. Истиот ден е поднесена наредба во врска со здравственото осигурување на нивниот син, …
Continue Reading
Кривична против директорка во Виница, си ја вработила ќерката во истото училиште иако немала соодветно образование
Полицијата поднесе кривична пријава против Г.С.(45) од Виница, директорка во основно училиште во овој град, поради несовесно работење во службата. „На 27 јануари пријавената склучила договор за вработување со својата ќерка С.С., иако немала соодветно образование, на работно место предметен наставник по математика во основно училиште“, соопшти МВР. Оттука велат дека со тоа му била нанесена штета на буџетот на …
Continue Reading
Со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија утре се затвора „Скопско лето“
Овогодишното 46-то издание на фестивалот „Скопско лето“ свечено ќе се затвори со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“, кој ќе се одржи утре – 30.07.2025г. (среда) со почеток во 20:30 часот, во Сули ан. Диригент: Иван Еминовиќ Програма: А. Вивалди – Четири годишни времиња А. Пјацола – Четири годишни времиња Камерниот оркестар на …
Continue Reading
Претрес во Кочани, пронајдени пиштол и марихуана, приведено едно лице
Полицијата во Кочани го приведе 36-годишниот К.И.. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „црвена Застава“ калибар 7,65 мм, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше МВР.
Continue Reading
„Шумарите“ во Болоња најдоа замена за Еланга
Фудбалерот на Болоња, Ден Ендој, ќе стане ново засилување на Нотингем Форест, откако англискиот клуб се согласи на трансфер вреден 40 милиони евра, објави „Скај Спорт Италија“. Толку ќе биде фиксниот дел од обештетувањето според договорот меѓу двата клуба, додека Болоња може да смета на до три милиони бонуси и проценти од наредната продажба. Долго време за Ендој интерес покажуваше …
Continue Reading
Поништена јавната набавка за 120 електрични eко автобуси
Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за полнење. Оттука информираа дека на јавниот повик кој беше објавен 17 јуни со краен рок за достување на понудите 24 јули 2025 година, само една компанија доставила понуда. „По извршената евалуација, Комисијата надлежна за спроведување на …
Continue Reading
Лидс извиси, Паишао се сели во Марсеј
Фудбалерот на Феенорд, Игор Паишао, е блиску до трансфер во Олимпик Марсеј, кој постигна договор за обештетување со холандскиот клуб. На овој начин, францускиот клуб ја доби трката со Лидс јунајтед за потписот на бразилскиот фудбалер. Паишао доби дозвола да отпатува во Марсеј на лекарски прегледи. Претходно, „Екип“ објави дека Марсеј подготвил нова понуда за овој играч, додека Лидс се …
Continue Reading
Кремљ: Путин му се јави на Нетанјаху, разговараа за Сирија и Иран
Претседателот на Русија, Владимир Путин разговараше по телефон со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави прес-службата на Кремљ. Според руските власти, лидерите на двете земји разговарале за напнатата ситуација на Блискиот Исток. „Руската страна ја потврди својата цврста позиција во корист на исклучиво мирно решавање на проблемите и конфликтите што постојат во регионот“, вели Кремљ. Путин ја нагласи важноста од поддршка …
Continue Reading
Напад со нож во Лондон. Двајца мажи убиени, осомничениот во сериозна состојба
Двајца мажи починаа, а двајца други се хоспитализирани по насилниот инцидент во центарот на Лондон вчера. Еден од хоспитализираните мажи е приведен под сомнение дека е поврзан со нападот. Метрополитенската полиција извести дека добила повик за напад во Саутерк околу 13 часот во понеделник. На местото на настанот, пронашле четири лица со убодни рани. 58-годишен маж починал на лице место, …
Continue Reading