Андоновска: Во Институтот за јавно здравје секој тргнувал само од личниот интерес
Директорката на Институтот на јавно здравје и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, во рамки на вечерашната трибина „Реформи во здравството, ги градиме темелите на промените“, истакна дека наследиле распаднати институции каде што воопшто не се размислувало за услугите и грижа за граѓаните. Таа додаде дека конкретно во Институтот, ниту една работа не била водена согласно законските прописи. „Мораме …
Continue Reading
Стабилно снабдување на онкологија и хематологија, за само една година, две промени во позитивната листа на лекови која не беше обновена 10 години, се пофали Клековски
„Не почнавме од нула, туку од минус. 10 години во Македонија не беше обновена позитивната листа на лекови. 10 години од 2014-та година ниедна промена на позитивната листа, за една година ние успеавме да направиме две промени. Во првата промена 9 генерички лекови, во последната 2 онколошки лекови кои од следниот понеделник ќе бидат достапни во аптеките“, истакна членот на …
Continue Reading
„Мораме да ги натераме да се плашат од нас“: Макрон за трговскиот договор меѓу САД и ЕУ
Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека Европската Унија не успеала да го искористи својот огромен единствен пазар и доволно да ги исплаши САД за да прифатат подобар договор од оној постигнат во неделата. „Мораме да ги натераме да се плашат од нас“, им рече Макрон на министрите на денешниот состанок, изјави француски функционер близок до претседателот за „Политико“. Макрон …
Continue Reading
Повторно се разгоре на Готен, шест пожари активни во државата
Денес попладне повторно се разгоре пожарот над селото Подареш на планината Готен од радовишка страна, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Како што рече со овој пожар надлежните борба водат над 15 дена и е исклучително тежок пожар за гаснење. Ангелов уверува дека пожарот нема да го загрози селото. Прашање е како што рече, колкава штета ќе нанесе на природата …
Continue Reading
(Видео) Објавен трејлерот за новиот филм на Итан Хоук и Ричард Линклејтер „Сина месечина“
Ричард Линклејтер и Итан Хоук се обединуваат за биографскиот филм „Сина месечина“, нивната деветта соработка, која ја раскажува приказната за познатиот текстописец Лоренцо Харт. Биографската музичка драма се одвива ноќта на 31 март 1943 година, кога премиерно се одржа „Оклахома!“, револуционерниот мјузикл на Ричард Роџерс и неговиот нов соработник Оскар Хамерштајн II. Додека Роџерс го слави својот голем успех, Харт, …
Continue Reading
Претседателката на Молдавија: Русија од есен сака да ја контролира нашата држава
Претседателката на Молдавија, Маја Санду денес ги прогласи корупцијата и нелегалното финансирање од Русија за најголема закана за парламентарните избори што се одржуваат на 28 септември во таа источноевропска земја. „Руската Федерација сака да ја контролира Република Молдавија од есен па натаму и подготвува невидено влијание врз изборите во септември“, рече молдавската претседателка на прес-конференција во Кишињев. Кремљ ги отфрли …
Continue Reading
Украинско комбе се судри со руски камион во Словенија, петмина загинати
На автопатот кој ги поврзува Марибор и Љубљана, во близина на излезот Словенска Коњица, во правец на Љубљана, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа пет лица, а две се повредени. Несреќата се случила кога патничко комбе удрилo во камион. Сите жртви биле странски државјани, соопшти словенечката полиција, јавуваат медиумите во регионот. Според досега утврденото, возачот на комбе со …
Continue Reading
Приземјени сите летови на поголемите аеродроми во Велика Британија поради „откажување на радарот“, туристите заглавени
Сите летови на главните аеродроми во Велика Британија се приземјени поради „откажување на радарот“ на контролата на воздушниот сообраќај. Илјадници патници се заглавени на пистите на најголемите туристички центри во Велика Британија, вклучувајќи ги Хитроу и Гетвик. Патниците објавуваат фотографии на социјалните мрежи за покажат дека седат заглавени во авионите, а апликацијата „Флајтрадар“ покажува стотици авиони приземјени на лондонскиот аеродром …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова-Бирн: изразена надеж дека Ирска ќе продолжи да се залага за кредибилен процес на пристапување кон ЕУ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Томас Бирн, државен министер за европски прашања и одбрана на Ирска. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи, како и за процесот на пристапување кон Европската Унија. Претседателката оцени дека политичките односи се пријателски и без отворени прашања, но со скромна динамика и посочи на потребата од интензивирање на контактите на највисоко …
Continue Reading