Во Рашче има приведени поради пукање на свадба

Две лица беа приведени вчера во скопското село Рашче поради пукање на семејна веселба. „Околу 22 часот во СВР Скопје е пријавено дека се слушаат истрели во селото, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и утврдено е дека Е.К. и Б.К. со гасни пиштоли пукале на свадба“, соопшти МВР. Тие се приведени во полициска станица и по …

Continue Reading

На седум години смислил друштвена игра и сега е милионер – планира да купи „ламборџини“

Алекс Батлер (15) од Сиетл стана милионер откако ја продаде друштвената игра „Тако наспроти Бурито“, која ја дизајнирал како седумгодишно дете, на големата американска компанија „Плеј Монстер“. Неговата игра, во која се натпреварувате да го создадете највредниот оброк, стана глобален хит и се продаде во над 1,5 милиони примероци, објавува „Дејли меил“. Алекс и неговите родители, Лесли Пирсон и Марк …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ и натаму бара оставка од обвинителот Коцевски

ВМРО-ДПМНЕ и денеска упати јавен повик до обвинителот, Љубомир Коцевски, да си поднесе оставка поради, како што велат, компромитирање на независноста на Обвинителството. Партијата го обвинува Коцевски дека ја претворил обвинителската функција во партиски сервис на СДСМ и ДУИ, со што, според нив, ја довел правдата во заложништво на политичките интереси. Во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека со негласањето …

Continue Reading

Две легенди пристигнаа во МЛС: Сон во Лос Анџелес, Милер во Ванкувер

Во ист ден, ФК Лос Анџелес го претстави јужнокорејскиот ас Сон Хјунг-мин, додека легендарниот германски фудбалер Томас Милер позираше со дресот на Ванкувер Вајткепс. Фудбалскиот клуб од Лос Анџелес го објави трансферот на екс-капитенот на Тотенхем, Сон Хјунг-мин. Договорот со 33-годишниот Кореец важи до 2027 година. Исто така, предвидува можност за продолжување за една или две сезони. Црно-златните официјално го …

Continue Reading

Обвинетиот за убиството на Сара во Италија пронајден мртов во затвор

Стефано Аргентино (27), кој беше во затвор поради обвинение за убиство на студентката Сара Кампанеле (22) во Италија, е пронајден мртов во затворот во Месина. Младиот човек, кој беше обвинет дека ја избодел Сара до смрт на 31 март оваа година, наводно извршил самоубиство. Тој бил пронајден обесен. Според италијанските медиуми, Аргентино и претходно покажувал суицидни намери и поради тоа …

Continue Reading

(Видео) Жестока тепачка на натпреварот Комо – Бетис

Бетис и Комо вчера одиграа контролен натпревар во Кадиз, а според сцените од тепачката што се случи на теренот и споделени на социјалните мрежи, натпреварот беше се, само не беше пријателски. Голем број играчи од двата тима учествуваа во големата тепачка. По завршувањето на првото полувреме, во кое Комо водеше со 2:0 благодарение на головите на Асане Диао и Лукас …

Continue Reading

Камерон Дијаз фотографирана во лежерно издание: актерката не се плаши од стареење, го покажа лицето без шминка

Американската актерка Камерон Дијаз беше фотографирана во природен и опуштен стил додека шеташе низ улиците на Њујорк. Имено, актерката комбинираше фармерки со тексас кошула, додека косата ја врза во лежерна пунџа. Според фотографиите, Камерон изгледаше во одлично расположение. Камерон Дијаз е отворена за својот пристап кон стареењето и изгледот. Пред неколку години, таа призна дека пробала ботокс, но брзо се …

Continue Reading

Царините на Трамп стапија во сила, стапката за Македонија е 15 отсто, како и за земјите од ЕУ

Царините на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз од десетици земји, кои се движат од 10 до 50 проценти, стапија ВО сила и ја ставија на тест стратегијата на републиканците за намалување на трговскиот дефицит. Царинската и граничната заштита на САД (CBP) започна со собирање повеќе царини во 00:01 часот по источно време, по недели неизвесност околу конечниот процент на …

Continue Reading

Сончево време, попладне со услови за нестабилност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени, јавува УХМР. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе …

Continue Reading