Британската вечер на Охридско лето донесе концерт со наслов „Романсата сѐ уште не е мртва“

„Романсата сѐ уште не е мртва“ беше наслов на концертот што вчеравечер во рамки на Британската вечер на 65. Издание на „Охридско лето“ го одржаа британскиот виолинист Џек Либек и пијанистката Катја Апекишева во црквата „Света Софија“. Романтичната вечер која од почетокот ѝ ветуваше на публиката неповторливо музичко доживување што долго ќе се памети, започна со Соната за виолина и …

Continue Reading

Гори во Грција: Издадена наредба за итна евакуација

Голем шумски пожар избувна денес во областа Каравадос на грчкиот остров Кефалонија, а издадена е наредба за евакуација на три области, јавуваат грчките медиуми. Пожарот избувнал во земјоделска и шумска зона, а ангажирани биле 20 припадници на противпожарната служба со седум возила, како и членови на планинската спасувачка служба и волонтери, објави „Катимерини“. „Доколку се наоѓате во областите Каравадос, Доризата …

Continue Reading

Промоција на книгата „Калиграфи на филмското писмо“ од Влатко Галевски

На 9-ти август (сабота) во Кинотека, во рамките на програмата на шестото издание на „Флипбук филм фестивал“ (7-10 август) со почеток во 19:00 часот ќе се одржи промоцијата на новата книга на Влатко Галевски, со наслов „Калиграфи на филмското писмо“. Книгата во разговор со авторот ќе ја претстават Александар Прокопиев и Јане Алтипармаков. Филмофилското издание на Галевски понудува иновативен филмолошки …

Continue Reading

Вест Хем се раздели со Антонио

Вест Хем одлучи да не го обнови договорот со Мајкл Антонио, кој преживеа тешка сообраќајна несреќа пред осум месеци. Ова сценарио го најави тренерот Греам Потер, кој во Атланта изјави дека Антонио не е во неговите планови. Сепак, клубот сè уште преговара со 35-годишниот јамајкански репрезентативец за добивање на некоја друга улога во клубот. За 10 години поминати во клубот, …

Continue Reading

(Видео) СДСМ: Инфлација од 4,8 отсто, властите да ги прифатат нашите предлози за укинување на ДДВ за храна

Заменик-претседателката на Форумот на жени при СДСМ, Ема Нешковска, на денешната прес-конференција изјави дека инфлацијата од 4,8 проценти на годишно ниво ја доведува економијата во сериозен пад и ја турка населението во сиромаштија. Според неа, ова е резултат на промашените економски политики на владата предводена од Христијан Мицкоски. Нешковска истакна дека најмногу поскапување има кај храната и основните производи, што …

Continue Reading

Туристите во европските градови се сè повеќе мета на измамници: бројот на инциденти се зголемува

Европа е најпопуларната летна дестинација за многу туристи, но постои еден сериозен безбедносен проблем. Додека милиони уживаат во шетањето по улиците на Париз, Барселона или Рим, сè повеќе од нив стануваат жртви на кражби и измами. Според податоците од Европската туристичка комисија, повеќе од 400 милиони туристи го посетиле стариот континент во 2024 година. Сепак, со масовната посетеност, бројот на …

Continue Reading

20. „Астерфест“ завршува вечерва

Вечерва, на петтиот и последен ден од 20. „Астерфест“, со почеток во 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица ќе се прикажат наградените филмови. Во чест на наградените, синоќа се прикажа и актуелниот долгометражен игран филм „Лена и Владимир“ на режисерот Игор Алексов, кој одговараше на прашања од публиката, а специјална проекција во чест на Емил Рубен прексиноќа имаше среднометражниот филм …

Continue Reading

(Видео) Робот спасил ранет украински војник од бојното поле, објавена снимка

Припадници на 118. механизирана бригада на Оружените сили на Украина објавија снимка која го прикажува евакуирањето на ранет војник од бојното поле со помош на копнен роботски систем. Овој настан уште еднаш ја истакнува растечката улога на современите технологии во спасувањето човечки животи во воени услови, пишува „Украинска правда“. „Операторите на копнените роботски системи од 2-та чета на 23-та посебна …

Continue Reading

Во Европа нема повеќе место за бегалци од Украина?

Британските власти сè повеќе ги отфрлаат барањата на украинските мигранти за продолжување на нивниот престој, објави Би-Би-Си на руски јазик. Од почетокот на конфликтот во Украина во 2022 година, повеќе од 250.000 Украинци добија визи преку програмата „Домови за Украина“, која неодамна беше затворена, пренесуваат медиумите во регионот. Властите сега масовно ги отфрлаат барањата за трајна заштита, тврдејќи дека западните …

Continue Reading