Четири возила се судрија на патот Охрид – Кичево, има повредени
Вчера на магистралниот пат Охрид–Кичево, веднаш по влезот за село Ботун, се случила сообраќајна несреќа меѓу четири возила. Во несреќата учествувале патничките возила „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Д.Д.Ф. (50) од Холандија; „мицубиши“ со скопски ознаки, управувано од З.Ч. (74) од Скопје; „рено“ со охридски ознаки, управувано од Г.Т. (48) од с. Лескоец, и товарното возило „ман“ …
Continue Reading
Маж избоден во Дебар
Маж бил избоден синоќа во Дебар. Приведен е 32-годишниот К.Т. од овој град кој се сомничи за случајот. Нападнатиот се здобил со убодна рана. „Лицето е приведено во полициската станица за целосно документирање на случајот, против што ќе биде поднесена соодветна пријава“, сооопшти МВР.
Continue Reading
Јован Манев на позајмица во Нови Пазар
Фудбалерот на Риека, Јован Манев, ќе игра во Нови Пазар до крајот на сезоната како позајмен играч, соопштенја од редовите на третопласираниот клуб од српската Супер лига во сезоната 2024/25. По истекот на позајмицата, тимот на Нови Пазар ќе има право да го купи дефанзивецот, чиј договор со актуелниот хрватски шампион трае до летото 2027 година. Во текот на својата …
Continue Reading
МВР со детали за смртоносната несреќа кај Ресен: двајца загинати, едниот е 20-годишен
Две лица загинаа, третото е тешко повредено. Ваков е трагичниот биланс од смртоносната сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот Ресен-Битола, кај местото викано „Слечиште“. Според соопштението на МВР, судирот бил помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот П.Н. од Охрид, и патничко возило „Мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од 52-годишниот П.К. од …
Continue Reading
„Супорт Кочани“: Обезбедени над 4,5 милиони денари за засегнатите лица во трагедијата во Кочани
Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ (SupportKocani) ја информира јавноста за состојбата со донациите и реализираната помош заклучно со 19 август 2025 година. Оваа иницијатива, која беше формирана веднаш по трагичниот настан на 16 март 2025 година во Кочани, продолжува да работи транспарентно, координирано и во интерес на сите засегнати лица и нивните семејства. Еден од најважните сегменти на помошта е набавката …
Continue Reading
Со непристапен терен и силен оган, надлежните се борат од воздух – леталата ја формираат линијата на пресек кај Јасен
Шумскиот пожар во непристапниот терен кај Јасен е повторно активиран, а слабиот дожд не беше доволен за негово сопирање. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, извести дека во акцијата се вклучени армијата, Националните шуми, пожарникари и вработени во Јасен. „Благодарност до армиските волци и ренџери кои вчера придонесоа горниот крак да биде целосно изгаснат, со силна поддршка …
Continue Reading
Пратеник најден мртов во парламентот во Финска
Безживотно тело е пронајдено денес околу 11 часот наутро во зградата на финскиот парламент, а според релевантните локални медиуми, станува збор за тело на пратеник кој извршил самоубиство, но се уште не го објавуваат неговиот идентитет. Полицијата не ги потврди наводите дека станува збор за пратеник, но објави дека засега нема сомнение за кривично дело. Повикот до полицијата пристигна во …
Continue Reading
Аргентинците го најавија „последното танго“ на Меси на 4 септември
Лионел Меси има 38 години и ја „верификуваше“ својата трофејна кариера со освојувањето на Светското првенство со Аргентина, во Катар во 2022 година. Се подразбира дека тој ќе игра и на Светското првенство во Северна Америка наредната година, а аргентинските медиуми веќе зборуваат за последниот натпревар на веројатно најдобриот фудбалер во историјата пред домашната публика. „ДСпорт“, најавува дека тоа ќе …
Continue Reading
Лавров: Трамп и неговиот тим сакаат да постигнат долгорочен и сигурен резултат
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го пофали Доналд Трамп за желбата за траен мир во Украина, додека ги критикуваше европските лидери за инсистирањето на прекин на огнот. Во интервју за државниот телевизиски канал Росија 24, Лавров се осврна на средбата на Трамп со Владимир Путин во Алјаска, опишувајќи ја атмосферата како „многу добра“. „Беше јасно дека лидерот на …
Continue Reading