МВР со детали за пожарот кај „Зебра“: четири возила зафатени од огнот
Денеска во 02.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територија на Центар, било опожарено патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски таблици, сопственост на правно лице, а од огнот биле зафатени и патнички моторни возила „шевролет авео“ со охридски регистарски таблици, сопственост на М.И.(21) од Охрид, „фиат пунто“ со скопски регистарски таблици, сопственост на Е.Т. (20) …
Continue Reading
Вулверхемптон одби уште една понуда од Њукасл за Ларсен
Фудбалскиот клуб Вулверхемптон ја одби и втората понуда од Њукасл за норвешкиот напаѓач Јорген Странд Ларсен, кој постигна два гола во вчерашната победа над Вест Хем во Лига купот. Њукасл овој пат понуди 55 милиони фунти, откако претходно беше одбиена и понуда од 50 милиони фунти. Управата на Вулверхемптон не сака да се откаже од 25-годишниот репрезентативец на Норвешка, пред …
Continue Reading
За шест месеци наплатени 546,9 милиони денари од концесионерите на рудниците, 126 отсто повеќе од лани во истиот период
Економската моќ на општините каде што работат рудниците расте. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) во првата половина на 2025 година наплатило рекордни 546,9 милиони денари од концесионерите – дури 126% повеќе отколку во истиот период лани. Главниот дел од овие пари завршува во општинските буџети. Според важечката законска рамка, 78% од концесискиот надоместок останува во општината каде …
Continue Reading
Битолчанка тешко повредена откако во неа удрило товарно возило
Вчера во 11:41 часот во СВР Битола е пријавено дека на улицата „Рајко Жинзифов“ во Битола, товарно возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот Д.К. од Велес удрило во пешакот, 69-годишната Ј.Д. од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Д., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
Continue Reading
(Фото) Јелена Ѓоковиќ во секси бикини! Папарацо-фотографиите ја обиколуваат планетата, Британците сè уште пишуваат за неа
Еден месец по одморот на Новак и Јелена Ѓоковиќ на Миконос, британските медиуми сè уште не престануваат да зборуваат за изгледот на сопругата на најдобриот тенисер во историјата. Имено, локалните таблоиди „Дејли Стар“ и „Сан“ се опседнати со изгледот на Јелена, па повторно пишуваа за нејзината „заводлива фигура“, заедно со неколку фотографии од нејзиниот одмор на Миконос, секако. „Двојката разменуваше …
Continue Reading
Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции
Министерството за здравство информира дека сите граѓани имаат можност да пријават сознанија за евентуални неправилности во врска со вршењето кардиолошки и кардиоваскуларни интервенции, преку алатката Пријавете неправилност, достапна на веб страницата на МЗ. – Транспарентноста во секој процес е наш приоритет, така што кон секоја пријава на каква било неправилност во здравствениот систем пристапуваме со максимална одговорност и постапуваме согласно …
Continue Reading
Шалтерите за наплата во Водовод и канализација – Скопје утре ќе работат од 07:30 до 15:30 часот
ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува корисниците дека утре, четврток, по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица, шалтерите за наплата, шалтерите за рекламација и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат од 07:30 до 15:30 часот. В петок, 29.08.2025 година, се продолжува со редовно работно време.
Continue Reading
Кристал Палас го заврши трансферот на Јереми Пино
Шпанскиот репрезентативец Јереми Пино е новото засилување на Кристал Палас, во кој ќе ја наследи улогата на доскорошниот лидер на „орлите“ Еберечи Езе. Езе, минатата недела се пресели во Арсенал, а освојувачот на ФА Купот од трансферот заработи 79.000.000 евра. Менаџерот Оливер Гласнер експресно најде замена за Езе. Кристал Палас ќе му плати на Виљареал 30.000.000 евра за Пино. Момчето …
Continue Reading
„Влен“: ДУИ вети, но труеше, ќе ја затвориме депонијата Никуштак засекогаш!
„Во Никуштак, Липковско, започната е историска акција за затворање и санација на една од најопасните депонии во земјата, отворена рана со децении, која ги труеше воздухот, земјата и водата на илјадници граѓани“, велат од „Влен“. „Оваа депонија, идентификувана во Националниот план како една од најкритичните точки за јавното здравје и животната средина, беше заборавена од ДУИ 24 години. Бескрајни ветувања, …
Continue Reading