Автомобил во Берлин удри во група деца, повеќе повредени
Во берлинската четврт Веден се случи инцидент кога автомобил „бмв“ налета на група деца на тротоар. Во несреќата повредени се тројца малолетници и една возрасна личност, објави германскиот весник „Билд“. Сè се случило околу 13:10 часот. Според првичните информации, автомобилот „бмв“ при свртување влетал во тротоарот каде што се наоѓала група од петнаесет деца на возраст од седум до осум …
Continue Reading
Повеќе од 2.200 загинати во земјотресот во Авганистан: „Сè што имавме е уништено“
Спасувачките екипи денес извлекуваа тела од урнатините на куќи уништени во земјотресот во Авганистан. Бројот на загинати надмина 2200, а иднината на преживеаните е неизвесна, при што светските хуманитарни организации предупредуваат на намалени ресурси. Спасувачките операции продолжуваат во планинските области на истокот на земјата, јавија талибанските власти, објавувајќи дека бројот на загинати достигнал 2205, а повредени се најмалку 3640 лица. …
Continue Reading
Дурмиши: Преку мерката за зелени инвестиции отворени се речиси 400 работни места во приватниот сектор
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, заедно со директорот на Агенцијата за вработување, Сељатин Бељули, и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, денеска го посети ресторанот „Ксантика“, кој е еден од успешните примери на зелени инвестиции и создавање нови работни места. За време на посетата министерот истакна дека преку Мерката 8 – „Создавање нови работни места преку зелени инвестиции“, …
Continue Reading
„Ќе изумреме како диносаурусите aко не се справиме заедно“ – Марковски и Белчева најавуваат решение за депонијата Вардариште
Во близина на депонијата Вардариште во Скопје, кандидатот за градоначалник проф. Д-р Горан Марковски и носителката на кандидатската листа за советници Јана Белчева Андреевска од граѓанската платформа „Независни заедно“ одржаа прес-конференција, откако граѓаните протестираа поради повторното горење на депонијата. „Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето“, изјави Марковски, додавајќи дека досегашниот проблем со Вардариште е резултат на …
Continue Reading
Коњановски даде отчет за сработеното на повеќе од сто страници
На повеќе од сто страници градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски ги сумираше резултатите од работењето на локалната самоупорва под негово водство. Со одговорност, транспарентност и посветеност во извештајот стои дека се реализирани стотици капитални и локални проекти, насочени кон подобрување на инфраструктурата, образованието, културата, спортот и социјалната заштита. Меѓу поважните инвестиции се осветлувањето на Широк Сокак, изградбата на влезовите …
Continue Reading
Алиу потврди дека Кардиохирургија не прави операции оти нема анестезиолози и најави ад хок решение: лекари од Словенија ќе ги пополнуваат празнините
Со билатерален договор за мобилност на лекари и медицински сестри меѓу Словенија и Македонија ќе се пополнуваат празнините во нашиот здравствен систем. Министерот за здравство Азир Алиу договорот го претстави како ад хок решение за недостигот од анестезиолози на Клиниката за кардиохирургија, каде што веќе неколку дена пациенти се жалат дека не се прават операции оти нема анестезиолог. „Затоа денес …
Continue Reading
Левандовски одбил плата од 100 милиони евра по сезона
Преодниот период во Европа заврши, но сè уште трае во арапскиот свет, иако веќе е познато дека Саудијците нема да ги остварат плановите. Ал Хилал и Ал Наср, клубови со неограничени финансиски можности и големи навивачки бази, се обидоа да го реализираат трансферот на Роберт Левандовски. За разлика од повеќето играчи, кои привлечени од богатите винансиски договори се селат во …
Continue Reading
Tри девојчиња нападнале 15-годишна тинејџерка во Карпош
Во Карпош пред два дена, 15-годишно девојче било нападнато од три малолетнички, информира СВР Скопје. Инцидентот бил пријавен в од страна на нејзината мајка. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности. Во истата скопска општина, вчера бил пријавен и случај со насилство врз 10-годишно момче во основно училиште.
Continue Reading
Жена се повредила додека влегувала во лифтот во МРТВ
Вчера во Градската општа болница Св.Наум Охридски била донесена Е.Т.(52) од Скопје. Според информацијата од полицискиот билтен, жената се здобила со тешки телесни повреди при влегување во лифт во зградата на МРТВ. За настанот бил известен трудов инспектор.
Continue Reading