Зеленски: Руската офанзива на Суми не успеа
Три лица беа убиени во руски напад рано наутро во северниот украински Сумски регион, изјави регионален функционер, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека обидите на Москва да напредува во областа не успеале со големи загуби. Руските сили се вклучени во долг, исцрпувачки напад по должината на фронтот од 1.000 километри низ источна Украина, но во последните месеци се обидуваат …
Continue Reading
Земјотрес со магнитуда од 7,1 ја погоди Камчатка
Земјотрес со магнитуда од 7,1 го погоди источниот брег на рускиот регион Камчатка, објави Германскиот истражувачки центар за геонауки. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Американскиот геолошки институт ја процени магнитудата на 7,4, со длабочина од 39,5 км. Тихоокеанскиот систем за предупредување од цунами соопшти дека постои закана од можно цунами од земјотресот. Во Јапонија, југозападно од полуостровот Камчатка, …
Continue Reading
(Видео) Сопружници изнајмиле куќа преку „Ербиенби“ и откриле тајни простории
Брачна двојка од Колорадо стана вирална откако во изнајмена куќа во Кенон Сити открила скриени простории. Во видеото, кое собра над 4,8 милиони прегледи, Конор и Џес најпрво забележале дека куќата има прозорци на третиот кат, но без внатрешни скали. По подетално истражување, откриле таен премин во бањата кој води до поткровје, а потоа и скриен отвор во кујната што …
Continue Reading
Лажната вест дека Џ. К. Роулинг боледува од рак предизвика бран омраза на мрежите
Интернетот беше преплавен со лажнат информација дека авторката на „Хари Потер“, Џ. К. Роулинг, боледува од рак. Веста започна со ироничен твит на платформата „Икс“ кој брзо стана вирален и предизвика коментари полни омраза и исмевање. Портпаролот на Роулинг веднаш реагираше и за медиумите потврди дека станува збор за целосна измислица: „Ова известување не е точно. Џ. К. Роулинг нема …
Continue Reading
Денес топло време, од утре нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен …
Continue Reading
Баер со двајца помалку на теренот го победи Ајнтрахт
Фудбалерите на Баер Леверкузен го победија Ајнтахт Франкфурт со 3:1 (2:0) во првиот натпревар од 3. коло на германската Бундеслига. Ова беше прв натпревар на Каспер Хјулманд на клупата на „фармацевтите“ и права победа, која требаше да биде лесна, но беше доведена во прашање во второто полувреме. Баер стекна капитална предност во првиот дел од натпреварот, со головите на Алехандро …
Continue Reading
Ридигер ќе паузира до три месеци
Реал Мадрид се соочи со неочекуван проблем пред патот во Сан Себастијан. Чаби Алонсо нема да може да смета на услугите на Антонио Ридигер. Како што објави Реал Мадрид во официјалното соопштение, Ридигер се пожалил на болка во квадрицепсот за време на тренингот, по што веднаш отишол на прегледи и му била дијагностицирана повреда на мускулот на левата нога. Прегледите …
Continue Reading
Убиецот на Кирк го признал злосторството пред својот татко, но не сакал да се предаде
Откако американските власти ги објавиле фотографиите од лицето кое било барано за убиството на политичкиот активист, Чарли Кирк, таткото на Тајлер Робинсон го препознал својот син и се соочил со него, пренесува „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори од федералните полициски агенции. Според истите извори, Робинсон пред својот татко признал дека тој е лицето од фотографиите. Таткото го убедувал да …
Continue Reading
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан
Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел. Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија. Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират. „22 години се борев, убивав негови луѓе“, …
Continue Reading