Украина ги предупреди авиокомпаниите за летовите кон Москва и Санкт Петербург

Претседателот Володимир Зеленски на 1 септември ги предупреди авиокомпаниите, осигурителните компании и странските влади дека рускиот воздушен простор поради украинските беспилотни летала ќе стане „де факто затворен“. Украина не му се заканува на цивилното воздухопловство, но авиопревозниците кои летаат кон Москва, Санкт Петербург или други поголеми сообраќајни центри мора да сметаат на ризик, објави Зеленски на Телеграм, пишува „Киев индипендент“. …

Continue Reading

САД извршија нови напади врз Иран

Американската војска изврши нови напади врз цели на Исламската револуционерна гарда во Иран. Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека нападите се одговор на недамнешните ирански обиди за напади врз трговски бродови во Ормускиот Теснец и врз американски војници во регионот. ЦЕНТКОМ соопшти дека американските сили ги почнале нападите во 12 часот по источноамериканско време. Иранската државна телевизија извести за …

Continue Reading

Кремљ најави можна средба меѓу Путин, Трамп и Ши Џинпинг

Советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека постои можност за трилатерална средба на рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Ши Џинпинг на претстојниот самит на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК). На прашањето дали се разгледува таква средба, Ушаков потврди дека за тоа се разговарало. Тој рече дека се очекува тројцата лидери да присуствуваат на самитот и …

Continue Reading

(Видео) Џип со туристи падна во река полна со крокодили во Танзанија

Сафари-возило со швајцарски туристи кои ја набљудувале Големата миграција на животните во Танзанија падна во реката Мара, позната по големиот број крокодили. Инцидентот се случил во неделата попладне во Националниот парк Серенгети, а бил снимен од луѓе во друго возило. На снимката се гледа како џипот со голема брзина се движи по нерамен терен. Во еден момент возилото се занело …

Continue Reading

Ричард Гир наполни 77 години, сопругата објави фотографии од семејната прослава

Алехандра Силва Гир му го честиташе 77. роденден на својот сопруг Ричард Гир со емотивна објава на „Инстаграм“. Актерот го прослави роденденот во понеделникот, на 31 август, а 43-годишната Силва следниот ден објави неколку фотографии од семејната прослава. На една од фотографиите Гир и Силва носат роденденски капи и се прегрнуваат, додека кон нив трча нивниот шестгодишен син Џејмс. На …

Continue Reading

Украина бара порано да добие дел од заемот од 90 милијарди евра, повеќе земји од ЕУ ја поддржуваат

Значителен број земји членки на Европската Унија ја поддржуваат идејата на Украина порано да ѝ бидат исплатени средствата од заемот на ЕУ наменет за воените напори. Ова го изјави ирската министерка за одбрана Хелен Мекенти, по состанокот со нејзините колеги од Унијата, пренесува Ројтерс. Украина во борбата против Русија, која трае веќе петта година, во голема мера се потпира на …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

ОН предупредуваат: Топењето на глечерите на Хималаите им се заканува на милиони луѓе

На хималајскиот регион во следните години му се закануваат сè поголеми и поразорни поплави предизвикани од топењето и уривањето на глечерите, предупреди висока претставничка на Обединетите нации по минатонеделната катастрофална поплава во Непал, во која бројот на загинати надмина илјада. Кани Вигнараџа, помошничка на генералниот секретар на ОН и регионална директорка на Програмата за развој на ОН (УНДП) за Азија …

Continue Reading

Утре сончево и топло, но попладне се очекуваат невреме, силен ветер и град

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, …

Continue Reading

ДОМ: За дата-центрите мора да има јасни правила, а не двосмислени изјави

Премиерот Мицкоски постојано ги повторува изјавите дека дата-центрите се „неповратен процес“ и дека преку нив ја води Македонија кон напредок и иднина. Но, напредокот не е само во тоа да се гради. Напредокот е да знаеме што градиме, каде градиме, по која цена за граѓаните и природата и какви ефекти ќе има тоа врз целокупниот квалитет на живот, велат од …

Continue Reading