Општина Аеродром: Започнува AERO Street Food Festival

Од денеска до 8 септември паркот „Авионче“ ќе биде домаќин на пет фестивалски вечери со 20 гастрономски брендови, домашна музика, разновидни забавни содржини и бесплатен влез. Општина Аеродром, велат од таму, сè појасно се позиционира како препознатлива дестинација за современи урбани фестивали и настани што ги обединуваат локалната заедница, културата, музиката и гастрономијата. Од 4 до 8 септември паркот „Авионче“ …

Continue Reading

За една година, поднесени 1. 883 барања за ин – витро на товар на државата

За семејствата кои со години се обидуваат да станат родители, секој нов обид значи нова надеж. Токму затоа, пред една година беше направена една од позначајните промени во остварувањето на правото на биомедицинско потпомогнато оплодување – бројот на БПО обиди на товар на Фондот беше зголемен од три на најмногу шест. Само една година подоцна, бројките покажуваат дека оваа промена …

Continue Reading

„Арс Ламина“ подготви целосно дигитални, бесплатни учебници по математика и хемија за деветто одделение

Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани интерактивни и мултимедијални содржини и целосен систем за управување со учењето (LMS). Дигиталните учебници по математика и по хемија за деветто одделение, развиени од издавачката куќа „Арс Ламина“, од оваа учебна година се бесплатно достапни за сите …

Continue Reading

Седуммина починати за едно летo, западнонилската треска однесе рекорден број жртви, а ИЈЗ го прекина неделното информирање за епидемијата, велат од Левица

На ДПМНЕ очигледно му е полесно да престане да ја објавува статистиката отколку да објасни зошто Македонија за едно лето стигна до седум починати од западнонилска треска, реагираат од Левица. Додека бројот на жртви продолжува да расте, додаваат од таму, 19 пациенти сè уште се хоспитализирани, а се појавуваат и нови случаи, последниот официјален неделен извештај на ИЈЗ и понатаму …

Continue Reading

(Фото/видео) „Цел живот сонував за овој албум“: Колеги и пријатели дојдоа на промоцијата на новиот албум на Тамара Тодевска

Десет песни, десет приказни и една нова ера. Тамара Тодевска го претстави „Кукла жива“, својот нов визуелен албум, пред бројни колеги, соработници, музичари, новинари, партнери и пријатели, на промоција која на едно место обедини различни генерации од македонската музичка и културна сцена. На едно место се сретнаа пејачи и музичари од различни генерации, долгогодишни соработници на Тамара, автори, продуценти, претставници …

Continue Reading

Николоски: Градежништвото е силен двигател на македонската економија

Градежништвото е силен двигател на македонската економија. Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9 % споредено со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и додаде: „Завршени се работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра. Растот на градежништвото …

Continue Reading

Нова драма во Германија: потенцијален нов напад врз критични инфраструктури

Нова драма во Германија и потенцијален нов напад врз критични инфраструктури. По сомневањето за саботажа во трафостаницата во Дормаген, безбедносните служби повторно реагираат. Овој пат, во тек е полициска операција во трафостаницата во Гандеркезе. Според информациите од „Билд“, припадници на интервентните служби ја опколиле зградата во округот Олденбург и го блокирале пристапот до пошироката област. А полицискиот хеликоптер лета над …

Continue Reading

Трамп ќе гради Триумфална капија

Администрацијата на Доналд Трамп вчера го објави почетокот на изградбата на триумфална капија висока 76 метри во Вашингтон, и покрај законските пречки и фактот дека проектот сè уште нема конечно одобрение од надлежниот орган за просторно планирање. Триумфалната капија е дел од поширокиот напор на Трамп да остави свој белег врз архитектурата на главниот град на САД, што вклучува проекти …

Continue Reading

Инфантино му возврати на Чеферин, упати тешки обвинувања

Конфликтот меѓу ФИФА и УЕФА достигна нова точка на вриење, при што двете најмоќни фудбалски организации сега практично се во војна околу неуспешниот проект за продажба на дел од комерцијалните права на Светското првенство на приватни инвеститори. ФИФА ја обвини УЕФА за спроведување систематска кампања против светската куќа на фудбалот и нејзиниот претседател Џани Инфантино. Реакцијата дојде откако европската организација …

Continue Reading