(Видео) Левица: Во голем број од изборните места има мртва трка помеѓу двата кандидати за градоначалник на Скопје

Задоволни сме од излезноста во урбаните средини, исклучок се општините Чаир и Сарај, кадешто има неверојатно мала излезност, дури и наводи за поткуп во однос на тоа граѓаните да не излезат на гласање, што за нас е тешка повреда на изборното право, велат од партијата Левица. Како што известија од Левица, оваа година се обиделе да покријат максимален број избирачки …

Continue Reading

Нови првични резултати: Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, во Карпош Лукровски

Според првичните резултати од вториот круг на локалните избори 2025, во Скопје води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски со над 71.875 гласа наспрема Амар Мециновиќ од Левица со 41.522 гласови од пребројани вкупно 77,53 отсто од избирачките места. Во повеќето општини водство има Ѓорѓиевски, освен во Карпош и Центар, каде повеќе гласови има Мециновиќ. Во Карпош, од 62,22 отсто обработени …

Continue Reading

Трамп: Кси Џинпинг е свесен за последиците од можна инвазија на Тајван

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју емитувано на Си-би-ес тврди дека неговиот кинески колега Кси Џинпинг ги разбира последиците од можна кинеска инвазија на Тајван, одбивајќи да одговори дали САД ќе го бранат островот во случај на напад. „Ќе знаете ако тоа се случи, а тој го разбира одговорот на тоа прашање“, одговори Трамп во врска со интервенцијата на САД …

Continue Reading

Први податоци од гласањето: Орце Ѓорѓиевски има 53.171 гласови, Амар Мециновиќ 27.294

Според податоците објавени на страната на Државната изборна комисија, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски досега има 53.171 гласови, а кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, 27.294.

Continue Reading

(Видео) Халанд го реши Борнмут

Манчестер сити во дербито го победи Борнмут со 3:1 и се искачи на второто место на табелата. „Граѓаните“ имаат шест бода помалку од Арсенал, зад нив со по 18 поени се Ливерпул и Борнмут. „Граѓаните“ изгледаа одлично на теренот, играа онака како што сака Пеп Гвардиола и стигнаа до заслужена победа и второ место. Халанд ја отвори серијата во 17-та …

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: Заедно со народот до уште една историска победа, изборниот процес помина мирно и демократски

„На крајот од овој значаен изборен ден, можеме со гордост да кажеме дека Македонија уште еднаш покажа зрелост, достоинство и демократска свест. Денес, нашата држава помина низ мирни, фер и демократски избори кои се гордост за секој наш граѓанин“, кажа Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Тој упати огромна благодарност на сите граѓани кои излегоа на гласање и ја …

Continue Reading

Обвинителство: Доставено само едно известување на подрачјето на Шуто Оризари за фотографирање на гласачко ливче

Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес во текот на денешниот ден го следеше вториот круг од гласањето на локалните избори, а во јавните обвинителства беа организирани вонредни дежурства со цел навремена координација и давање насоки за постапување на надлежните органи. Изборниот ден помина без поголеми нарушувања на изборниот процес, а до …

Continue Reading

(Видео) „Влен“: Нашите кандидати добија широка поддршка во сите општини каде што настапуваат

„Процесот на гласање во вториот круг од локалните избори во целина се одвиваше во мирна и демократска атмосфера во сите општини во кои денес се одржа гласањето, вклучително и во општините каде што учествуваше коалицијата ВЛЕН“, кажа портпарол на ВЛЕН, Дритон Сулејмани. „Според информациите од теренот, процесот на гласање се одвиваше без некои неправилности и во духот на граѓанска одговорност. …

Continue Reading

До 18 и 30 часот гласале 45,71 отсто од гласачите, во Скопје излезноста е 33,82 отсто

До 18 и 30 часот гласале 45,71 отсто од гласачите, во Скопје излезноста е 33,82 отсто, соопшти Државната изборна комисија. Според добиени податоци од 97,60 отсто или 1.340 избирачки места во кои се запишани се 712.549 гласачи, гласале 325.691 односно 45,71 отсто на ниво на цела држава. По општини состојбата е следна Аеродром гласале 42, 72 отсто, Боговиње 39, 29, …

Continue Reading