(Видео) Барселона рутински го реши Елче – Јамал го прекина голгетерскиот пост

Фудбалерите на Барселона го победија Елче со 3:1, во натпреварот од 11-то коло на шпанската Ла Лига. Избраниците на Ханси Флик не си дозволија уште еден неуспех и ја имаа контролата од почетокот на натпреварот. Со својот прв гол по повеќе од два месеци во првенството, Ламин Џамал и донесе водство на Блауграна во деветтата минута, а само две минути …

Continue Reading

(Видео) Максим Димитриевски: Ова не е моја победа, ова е победа на Куманово

Кандидатот на ЗНАМ за градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, прогласи победа на изборите. „Ова не е моја победа, ова е победа на Куманово“, рече тој вечерва. Се заблагодари на сите за поддршката и кажа дека ја примил честитката од неговиот противкандидат. „Моја обврска е да продолжам да работам за мое Куманово, но и ЗНАМ да се етаблира на политичката …

Continue Reading

Митески: Голема победа во Аеродром со 18 илјади гласа

Кандидатот за градоначалник на Аеродром, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески упати благодарност за можноста да ја води општината во наредните четири години. Тој вели дека ќе ја оправда довербата што му е дадена. „Уште утре почнуваме со работа да го направиме Аеродром место на кое сите ќе се гордееме!“, кажа Митески.

Continue Reading

Владко Грозданов нов градоначалник на Кочани

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија за градоначалник на Општина Кочани, Владко Грозданов, прогласи победа на изборите. „Драги мои сограѓани, чест ми е да ви се обратам исполнет со посебно чувство на одговорност и искрена благодарност. Благодарност за вашата доверба, која ми ја дадовте со вашиот глас и којашто за мене не е само победа, туку драга народна задача. …

Continue Reading

(Видео) Хаотично дерби во Турција – Фенер од 2:0 до победа 2:3 кај Бешикташ

Дербито од 11-то коло од турската фудбалска лига помеѓу Бешикташ и Фенербахче (2:3) беше обележано со зголемени тензии кои кулминираа со инцидент во првото полувреме. Откако атмосферата веќе беше напната поради црвените картони на дуото на Бешикташ, Оркун Кокчу поради груб фаул и Серген Јалчин (надвор од теренот), фудбалерот на Фенербахче, Марко Асенсио, беше погоден во главата со предмет фрлен …

Continue Reading

Александар Јовановски прогласи победа во Кичево

Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Кичево, Александар Јовановски, прогласи победа. Противкандидат му беше досегашниот градоначалник Фатмир Дехари, кандидат на Националната алијанса за интеграција, НАИ. По видеото објавено на „Фејсбук“ во Кичево се собрани голем број поддржувачи на Јовановски кои ја слават неговата победа по улиците.

Continue Reading

Тошковски ги оцени изборите како најмирни по последните години: Во цела држава имаше 30 пријави, во најголем дел наводите не беа потврдени

Денеска, како во првиот круг од локалните избори, можеме со гордост да констатираме дека и вториот круг помина во исклучително мирна, фер и демократска атмосфера, рече вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Изборниот процес кажа дека минал без сериозни инциденти, без нарушување на јавниот ред и мир и без настани кои би го довеле во прашање интегритетот на изборите. …

Continue Reading

Сотир Лукровски прогласи победа во Карпош

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Карпош, Сотир Лукровски, прогласи победа на изборите. „Драги мои карпошани, вечерва зборувам со срце полно гордост и благодарност. Во оваа кампања не се борев за функција, се борев за доверба. За секој човек кој веруваше дека чесноста, трудот и вистината повторно можат да победат. Денес не победувам јас, победува Карпош. Победуваат сите оние …

Continue Reading

(Видео) Хаос во Белград, одекнуваат топовски удари

Големи тензии се забележани вечерва пред Народното собрание во Белград, каде што голем број граѓани се собраа во поддршка на Дијана Хрка, мајката на трагично загинатиот Стефан Хрка, која утрово започна штрајк со глад. View this post on Instagram A post shared by Nova.rs portal (@nova.rs_portal) Во исто време, во непосредна близина, во шаторска населба со прекар „Чациленд“, се собраа …

Continue Reading