Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола. Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите …
Continue Reading
ФИФПРО ги објави идеалните тимови за 2025 година
Здружението на професионални фудбалери, ФИФПРО, во понеделникот ги објави идеалните тимови во машката и женската конкуренција за 2025 година. Повеќе од 26.000 фудбалери од 68 земји гласаа за најдобрите 11 во машката и женската конкуренција. Во „идеалните 11“ се вклучени најмногу играчи од европскиот шампион Пари Сен Жермен: Ашраф Хакими, Нуно Мендес, Витиња и Усман Дембеле, како и поранешниот играч …
Continue Reading
Фон дер Лајен: Украина нема да биде сама оваа зима, ЕУ стои покрај вас
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека ЕУ стои покрај Украина и е подготвена да ја обезбеди потребната помош за земјата да не се соочи сама со претстојната зима. „Украина нема да биде сама оваа зима. ЕУ стои покрај вас и обезбедува итна енергетска помош за поддршка на Украина во наредните месеци“, напиша Фон дер Лајен …
Continue Reading
Зеленски за ситуацијата на фронтот: Разбирате колку ни е тешко
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека речиси една третина од борбите на фронтот, во војната со Русија, моментално се водат во регионот Покровск, на југоистокот од Украина. „Триесет проценти од сите борбени операции на фронтот се одвиваат во Покровск. Покрај тоа, 50 проценти од сите употреби на водени бомби одат во Покровск. Разбирате колку ни е тешко“, рече Зеленски …
Continue Reading
И Мастантуоно има проблем со пубалгијата, го чека подолга пауза
Фудбалерот на Реал Мадрид, Франко Мастантуоно, ќе биде надвор од терените на неопределено време поради повреда на препоните или спортска хернија, пишуваат шпанските медиуми. Според овие извори, 18-годишниот Мастантуно не тренирал заедно со тимот на Реал во понеделникот. „На нашиот играч Мастантуоно му е дијагностицирана пубалгија по медицинските тестови. Неговото закрепнување ќе биде внимателно следено“, објави клубот. Во соопштението не …
Continue Reading
(Видео) Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим
Министерството за надворешни работи на Италија денес го повика на разговор рускиот амбасадор во Рим, Алексеј Парамонов, со цел да испрати официјална протестна нота поради изјавите на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за уривањето на дел од историската кула Торе деи Конти во центарот на Рим, изјавија дипломатски извори за италијанската новинска агенција ANSA. La Torre …
Continue Reading
Захарова: Нивните кули се уриваат, а тие продолжуваат да ја финансираат Украина
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес, по повод уривањето на историската кула во Рим, изјави дека Италија ќе продолжи да се урива сè додека ја финансира Украина. „Сè додека италијанската влада бесмислено ги троши парите на даночните обврзници, Италија ќе се урива, од економијата до кулите“, напиша Захарова на каналот Телеграм. Таа потсети дека во мај …
Continue Reading
Велика Британија и испорача дополнителна серија ракети „Сторм Шедоу“ на Украина
Британската влада испорача нова серија крстосувачки ракети со долг дострел „Сторм Шедоу“ на Украина за напади длабоко во Русија, објави „Блумберг“, повикувајќи се на извори, без информации за бројот на испорачаните ракети. Лондон испорача серија ракети „Сторм Шедоу“ на Киев за да се осигури дека украинските вооружени сили имаат доволно залихи пред зимата. Според изворите на агенцијата, британската влада е …
Continue Reading
Димитриевски на првиот работен ден во новиот мандат: Најавувам над 30 инфраструктурни проекти во наредниот период
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, на првиот работен ден од неговиот трет мандат изврши увид на повеќе теренски активности при што најави над 30 инфораструктурни проекти во периодот што следи. „Почитувани сограѓани, прв работен ден по изборот, овде сме во населба Зелен рид, на улица Васко Карангелески. Улица којашто носи име на еден наш великан, вистински патриот. Сакам од овде …
Continue Reading